ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

„Белите“ закитени со злато, сребро и бронза на вториот младински турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2016

27/6/2016

Comments

 
Picture
Успешно заврши второто издание на младинскиот фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2016. Оваа година проширен со уште две натпреварувачки категории но во својот стандарден и препознатлив формат. Повеќе од 300 дечиња од повеќе градови од Македонија одиграа над 50 натпревари во генерации 2002, 2004, 2005, 2006 и 2007.

Фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ имаа мошне забележителен резултати. Игравме одличен фудбал, а притоа бранејќи ги боите на нашиот клуб и нашиот град со големо срце, стигнавме до едно злато, едно сребро и една бронза, надополнети со две индивидуални награди за најдобар стрелец и најдобар голман.

Генерација 2007 без неколку стандардни играчи кои од оправдани причини не можеа да го дадат својот придонес и комбинирана со играчи од 2008 година, стигнаа до полуфиналето на турнирот. Најпрво во натпреварите по групи беа минимално поразени од струшки Караорман со 1:2, по што со убавата победа над битолски ЛГ од 1:0 се пласираа во елиминацискиот дел на турнирот. Најпрво, во четвртфиналниот натпревар беа убедливи против Евро фудбал 2 Вардар Охрид и го добија натпреварот со сигурни 2:0, по што следеше возбудливо полуфинале со Њу Старс Скопје кое им припадна на скопјани со 2:3. Заморот на фудбалерите беше видлив во натпреварот за третото место против ЛГ кое со минимални 0:1 го добија битолчани. Најдобар стрелец на турнирот во оваа генерација беше нашиот фудбалер Максим Наумоски.

Далеку подобар настап од минатата година, но во уште поголема и посилна конкуренција имаа фудбалерите од генерација 2006. Најпрво во натпреварите по група, по победите над Борец Велес и Тоталфудбал Ресен, стигнавме до првото место и обезбедивме директен пласман во полуфиналето. Во натпреварот кој водеше до финале, нашите во добра игра испуштија водство над струшки Караорман и загубија со 1:2, со што се пласиравме во малото финале. Во борбата за третото место игравме со одличниот тим на скопски Њу Старс кој го добивме со 1:0 што беше доволно нашите момци да ја освојат бронзата на овој турнир.

Добар настап имаа фудбалерите од генерација 2005 за кои не настапија играчи од ген. 2006 и кои со дел од своите играчи помогнаа и во генерација 2004. Одиграа неколку добри и ефикасни натпревари и на два натпревари во групите пропуштаа сигурни водства. Најпрво на два пати водевме на натпреварот со Борец од Велес кој на крајот заврши со 2:3 за велешани, а убедливото водство од два гола разлика против скопски Њу Старс беше неутрализирано за конечни 3:3. Во четвртфиналето, ослабени со неиграњето на неколку играчи го загубија натпреварот со Евро фудбал 2 Вардар од Охрид.

Неверојатен турнир во силна конкуренција одигра генерација 2004. Најпрво во натпреварите по групи го совладаа скопски Њу Старс, а потоа со пресврт, откако на полувреме губеа со 0:2 го добија Тоталфудбал Ресен со убедливи 5:2, по што директно влегоа во полуфиналето. Тука се сретнавме со добрата екипа на ФК Велешта и повторно направивме чудо. Натпреварот го губевме со 0:3, за во последните 15 минути да тргнеме на се или ништо и да стигнеме до неверојатен пресврт и конечни 3:3. По изведувањето на пеналите, нашите шутираа без грешка и по конечните 3:1 обезбедивме пласман во финалето. Тука се сретнавме со силната екипа на ЛГ Битола од која претходно на два пати загубивме на турнирот во Струга. Одличната игра вроди со плод, па иако не успеавме да постигнеме гол, не им дозволивме на противниците да се заканат и натпреварот заврши со 0:0 по што повторно се изведуваа пенали. Нашите повторно беа максимално сигурни со што заслужено стигнаа до златниот медал и шампионската титула, а Кадир Ибраихим доби одличје за најдобар голман на турнирот.

Натпреварите во генерација 2002, како што веќе пишувавме се играа минатиот викенд, белите по победата на битолчани, екипата на ЛГ, стигнаа до финалето, во кое екипата на ГФК Неготино стигна до злато, а нашите фудбалери се закитија со сребрениот медал и вицешампионската титула.
Честитки и благодарност до сите наши фудбалери. Горди сме на нив, на нивната игра и нивното залагање. Беше вистинско уживање да се следат нивните натпревари.

На крај, должиме голема благодарност до екипите што се одзваа на нашата покана да бидат дел од овој турнир и го збогатија истиот со нивното присуство. Благодарност за нивната фер и коректна игра, нивниот спортски однос во и надвор од терените. Со сето срце се трудевме да бидеме добри домаќини и се надеваме дека секое фудбалерче ќе си оди со позитивни импресии од престојот во нашиот преубав Охрид. Веруваме дека со повеќето од нив ќе се видиме и наредната година.

Исто така,, должна благодарност до сите што го помогнаа одржувањето на турнирот: Општина Охрид, СРЦ Билјанини извори и нивните вработени, Фудбалската федерација на Македонија, Општински фудбалски сојуз Охрид, Лајонс клубот Десарети од Охрид, ЛТХ Леарница Охрид, Црвен крст од Охрид, како и Суна Охрид, Пекара Wake and Bake Охрид, ПН Метал Охрид, Инг Лули Струга. Мора да се заблагодариме и на родителите од нашите фудбалери кои беа со нас во текот на четирите дена на одржувањето на турнирот.


​Се гледаме наредната година.

Повеќе информации за турнирот и комплетната галерија со слики може да ја погледнете Т У К А

Comments

Генерација 2002 (У-14) сребрени на II младински фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2016

20/6/2016

Comments

 
Денес на СРЦ Билјанини извори во Охрид се играа финалните натпревари во У-14 категорија. Во малото финале се натпреваруваа екипите на Перак од Прилеп и ЛГ Битола, а мечот им припадна на битолчани кои славеа со 6:0, за на крај заслужено да се радуваат на бронзениот медал.

Финалето го играа екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ГФК Неготино. „Белите“ играа одличен фудал со многу комбинации, дисциплина и залагање, но сепак неготинчани кои се натпреваруваа со неколку повозрасни играчи во соодветната генерација физички доминираа и го добија натпреварот со конечни 1:6. На крај, иако заслужија повеќе, во духот на фер и коректната игра, нашите се радуваа на вицешампионската титула на второто издание на фудбалскиот турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2016.

Останува да им честитаме на сите фудбалери во бело сини дресови кои достоинствено ги бранеа боите на нашиот клуб и нашиот град. 

Како увертира на финалните натпревари, нашите најмлади фудбалери од генерација 2006 и 2008 одиграа ревијални пријателски натпревари против ФШ Боев од Скопје и ФК ЛГ од Битола.
Comments

Белите (2004) до „бронза“ на фудбалскиот турнир Езерски бисер 2016

19/6/2016

Comments

 
Picture
Спортската витрина на ОХРИД ТОП ТИМ побогата за уште едно одличје. Овој пат пехарот за третото место и бронзата повеќе од заслужено се најде во рацете на генерација 2004 која одигра неколку добри и ефикасни натпревари со кои стигна до трофејот.

Најпрво, во натпреварите во група одигра без голови против ГФК Неготино, по што бевме поразени од битолски ЛГ. Последното коло во исклучително добар и ефикасен натпревар беше совладана ФК Чешка од Прага со високи 7:1. Со тоа, нашите се пласираа во ¼ финалето каде во „езерското дерби“ со струшки Караорман повторна славеа со високи 7:1. Веднаш по овој натпревар нашите го играа полуфиналниот натпревар против ЛГ Битола. Заморот беше евидентен кај нашите играчи кои го загубија натпреварот од битолчани по што следеше натпреварот за третото место. Во малото финале нашите момци повторно вкрстија со ГФК Неготино, но овој пат успеавме со 5 погодоци во противничкиот гол да славиме убедлива победа од 5:1 и  повеќе од заслужено да стигнеме до „бронзата“.

Добри и исклучително борени натпревари на овој турнир одигра и тен. 2005 која не ги искористи шансите да се пласира во елиминацискиот дел на турнир по поразите од Форца Скопје и Перак Прилеп.
​
Честитки за сите наши фудбалери кои со срце ги бранеа боите на нашиот клуб.

Comments

Охриѓани (У-14) со победа го отворија ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2016

17/6/2016

Comments

 
Picture
Одличен натпревар како увертирата на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ одиграа У-14 екипите на ОХРИД ТОП ТИМ и битолски ЛГ. Трилер мечот со многу пресврти и мошне квалитетен фудбал на крај им припадна на „Белите“ кои го совладаа одличниот тим на битолчани дури по изведување на пенали.

Мечот го отвори екипата на ЛГ откако извонредно реагираа по лошо изведениот аут на нашите фудбалери и ја искористија нашата грешка да дојдат во водство од 0:1, резултат кој беше активен до крајот на првото полувреме. Вториот дел нашите го отворија поангажирано и по две добри акции направија резултатски пресврт и дојдоа до водство од 2:1. Сепак, следеше период на опуштање кај нашите момци кои повторно направија грешки во одбраната и им овозможија на битолчани повторно да дојдат до водство од 2:3. До крајот, нашите заиграа поангажирано и постигнаа уште еден погодок за конечни 3:3, што значеше дека победникот на мечот се одлучуваше по изведување на пенали. Пенал рулетот на им припадна на „Белите“ кои стрелаа три пати во голот на противникот, а додека нашиот голман Николче Целески со одличните одбрани им дозволи на противниците само еднаш да се радуваат на погодок од белата точка.

Со оваа победа нашите ќе се борат за првото место на турнирот против екипата на Неготино која беше подобра од тимот на Перак од Прилеп. Битолчани и прилепчани во малото финале ќе се борат за бронзата. Финалните натпревар во генерација 2002 ќе се играат во понеделник на СРЦ Билјанини извори. 

Comments

ОХРИД ТОП ТИМ ги почна натпреварите на Караорман куп - Езерски бисер 2016

17/6/2016

Comments

 
Picture
Охриѓани со две генерации учествуваат на Караорман куп „Езерски бисер“ 2016. „Белите’ со генерација 2004 ја бранат бронзата која ја освоија минатата година. Првиот натпревар нашите фудбалери го играа против екипата на ФК Неготино. Иако игравме одличен фудбал во кој создадовме повеќе прилики за гол, сепак натпреварот заврши без победник со конечни 0:0. Вреди да се спомене дека нашите постигнаа и гол по една грешка на противничкиот голман кој судијата го поништи поради непостоечки прекршок. Утре, „Белите’ играат уште два натпревари во група против битолски ЛГ и екипа од Република Чешка и доколку освојат едно од првите три места во групата ќе продолжат во елиминацискиот дел од турнирот.

​Добар натпревар одигра и генерација 2005 со битолски „Еден на еден“. Неизвесен меч во кој и едните и другите имаа свои шанси, а во кој подобро се снајдоа битолчани кои по една наивна грешка на нашите го постигнаа единствениот погодок на мечот. „Белите“ утре ќе одиграат уште два натпревари во група со Форца Битола и Перак Прилеп со што ќе имаме можност да избориме пласман во елиминацискиот дел.

Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.