Охриѓани со две генерации учествуваат на Караорман куп „Езерски бисер“ 2016. „Белите’ со генерација 2004 ја бранат бронзата која ја освоија минатата година. Првиот натпревар нашите фудбалери го играа против екипата на ФК Неготино. Иако игравме одличен фудбал во кој создадовме повеќе прилики за гол, сепак натпреварот заврши без победник со конечни 0:0. Вреди да се спомене дека нашите постигнаа и гол по една грешка на противничкиот голман кој судијата го поништи поради непостоечки прекршок. Утре, „Белите’ играат уште два натпревари во група против битолски ЛГ и екипа од Република Чешка и доколку освојат едно од првите три места во групата ќе продолжат во елиминацискиот дел од турнирот. Добар натпревар одигра и генерација 2005 со битолски „Еден на еден“. Неизвесен меч во кој и едните и другите имаа свои шанси, а во кој подобро се снајдоа битолчани кои по една наивна грешка на нашите го постигнаа единствениот погодок на мечот. „Белите“ утре ќе одиграат уште два натпревари во група со Форца Битола и Перак Прилеп со што ќе имаме можност да избориме пласман во елиминацискиот дел. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|