Денес се одигра и последниот натпревар од есенскиот дел на ФФМ Детската фудбалска лига во оваа натпреварувачка сезона. Екипата од генерација 2005 во деветтото коло играше натпревар со ФК Академија Пандев 10 Охрид. „Белите“ играа одлично прво полувреме во кое дури три пати ја погодија противничката мрежа. Вториот дел започна повторно со офанзивна игра, но по промашените неколку „чисти“ прилики, „Црвените“ го решија натпреварот во своја корист. Останатите генерации своите натпревари ги завршија уште во претходно коло. Доколку направиме кратко резиме на есенскиот дел од ФФМ Детската лига, може да изразиме задоволство од залагањето и резултатите кои ги постигнаа нашите екипи. Генерација 2002 има речиси сигурен пласман на „фајнл фор“ турнирот и очекуваме истиот да го завери уште во првите наптревари во пролетниот дел. Генерација 2006 и 2007, согласно пропозициите на ФФМ веќе имаат обезбедено настап на завршниот турнир и сигурно ќе се надигруваат за шампионското место во лигата. Одлични резултати бележи и генерација 2004 која во силна конкуренција има добри шанси да обезбеди завршен турнир. Подобро од очекуваното изигра ген. 2006 која се натпреварува како Б екипа во генерација 2005 и по четирите остварени победи и големиот број постигнати погодоци има реални шанси да избори едно од првите четири места на табелата кои водат во разигувањето за првак на регионот во генерација 2005. Благодарност до сите наши фудбалерчина што ги бранеа боите на нашиот клуб во есенскиот дел од првенството и за добрите резултати што ги постигнаа. Следната пролет заеднички ќе се стремиме кон уште поголеми првенствени успеси. Само еден тим - ФК ОХРИД ТОП ТИМ Осмото коло од ФФМ Детскага лига повторно донесе многу возбудувања. Најинтересниот натпревар ова коло го одигра генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ која во дербито со ФК Фљамуртари одигра нерешено 4:4. Натпреварот беше полн со пресврти. Најпрво фудбалерите на Радолишта имаа на два пати водство од 0:1 и 1:3. Сепак, охриѓани не се предадоа и успеаја да го свртат резултатот и да поведат со 4:3. Падот на концентрацијата пред крајот на вториот дел и грешката во одбраната ја искористија противниците за да ги постават конечните 4:4. Одличен натпревар одиграа и младите фудбалери од генерација 2006 кои се натпреваруваат во генерација 2005, против охридски Оск Фер Плеј. Иако „Жолтите“ први го отворија резултатот и поведоа со 0:1, сепак квалитетот на „Белите“ дојде до израз и на крај извојуваа сигурна победа од 3:1. Против истиот противник играше и генерација 2002 која иако имаше предност во првиот дел од 1:0, по неколкуте направени грешки во одбраната кои фудбалерите на Оск ги искористија, го загуби натпреварот со 1:4. Еден од подобрите натпревари во овој циклус го одигра и генерација 2005 против Евро фудбал 2 Вардар од Охрид кој на крај го загуби со 0:5, резултат кој не беше вистинска слика на прикажаната добра игра на „Белите“. Погледнете ја галеријата со слики од ова коло. Седмото коло од ФФМ Детската фудбалска лига помина во знакот на ген. 2006 која одигра два перфектни натпревари во две возрасни категории. Младите У-9 фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ извојуваа две сигурни победи против ФК Велешта со идентичен резултат од 3:0 и тоа во ген. 2006, како и во повозрасната генерација - 2005. Добар натпревар одигра и ген. 2005 (А) против охридски Оск каде создадоа неколку „чисти“ шанси, вклучително и пенал, но на крај натпреварот го завршија само со два постигнати погодоци за конечни 2:6. „Белите“ од ген. 2004 и 2002 одиграа добри и интересни натпревари со Велешта кои завршија со резултат 1:4 и 2:5 во корист на противникот. Погледнете ја галеријата со слики од одиграното коло. Викендов во Дебар и Охрид се играа натпреварите од шестото коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Момците од ФК ОХРИД ТОП ТИМ одиграа неколку добри и возбудливи натпревари. Генерација 2004 регистрира уште една победа против Лабуништа, а одигра и ревијален натпревар против ФК Октиси на кој постигнаа дури девет гола во натпревар кој заврши со резултат 9:4. Возбудливи натпревари одигра и генерација 2006 која направи пресврт на „езерското“ дерби против струшки Караорман и успеа да се врати по негативата од два гола. Натпреварат заврши нерешно 2:2. Истата генерација одигра одличен натпревар во повозрасна кагегорија (ген. 2005) против ФК Кораб. На резултат 0:0 не искористивме пенал и неколку изгледни шанси, што домаќинот го казни и го доби натпреварот со 0:2. Серијата промашувања ја продолжи и ген. 2002 која иако некомплетна одигра одлично против ФК Фљамуртари, каде не искористи најстрога казна и скратен корнер. На крајот, натпреварот заврши со 1:4. Голот за „Белите“ во оваа генерација го постигна Стефан Палитов, роден 2005 година. Ген. 2005 стрелаше два пати но го загуби натпреварот од врсниците од ФК Фљамуртари со 2:5, а ген. 2007 постигна еден погодок против ФК Академија Пандев 10 Охрид. Против истиот противник два пати стрелаше и генерација 2008. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|