Седмото коло од ФФМ Детската фудбалска лига помина во знакот на ген. 2006 која одигра два перфектни натпревари во две возрасни категории. Младите У-9 фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ извојуваа две сигурни победи против ФК Велешта со идентичен резултат од 3:0 и тоа во ген. 2006, како и во повозрасната генерација - 2005. Добар натпревар одигра и ген. 2005 (А) против охридски Оск каде создадоа неколку „чисти“ шанси, вклучително и пенал, но на крај натпреварот го завршија само со два постигнати погодоци за конечни 2:6. „Белите“ од ген. 2004 и 2002 одиграа добри и интересни натпревари со Велешта кои завршија со резултат 1:4 и 2:5 во корист на противникот. Погледнете ја галеријата со слики од одиграното коло. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|