Уште една голема и успешна компанија од нашиот град стана пријател на нашиот фудбалски клуб. Денес, на главниот терен на СРЦ Билјанини извори, младите фудбалерчина на ФК ОХРИД ТОП ТИМ добија маички за тренинг, подарок од една од најуспешните компании во нашиот град, ЛТХ Леарница Охрид. Посебно сме горди што оваа компанија која високо котира во бизнис секторот во Р. Македонија, на ваков начин оддава признание за нашата работа и го помогна работењето на нашата фудбалска школа со тоа што обезбеди 70 маички за тренинг за секое наше фудбалерче со логото на клубот и со логото на компанијата. ЛТХ Леарница, дел од ЛТХ Кастинг групација, важи за високо квалитетен и успешен производител на алуминиумски делови за автомобилската индустрија. Оваа компанија е дел од топ 20-те компании што имаат најголем извоз на државно ниво. Нивните производи ги има на пазарите во Европа, како и во прекуокеанските земји Мексико и Кина. Исто така, може да се пофалат дека се дел од 100-те најуспешни компании во Македонија и дека имаат повеќе од 400 вработени. Значењето на оваа компанија за нашиот град не се мери само преку нивните бизнис активности. Тие уште еднаш покажаа дека се компанија со значајна општествена одговорност, помагајќи ги најмладите од една страна и спортот од друга страна. На овој начин, даваат скромен но значаен придонес кон развојот на спортот и младите што ни дава нов поттик и дополнителна желба заеднички да работиме кон промоција на вистинските вредност кај децата, создавајќи посветла иднина за сите нас. ВО ИМЕТО НА СИТЕ ФУДБАЛЕРЧИНА НА ФК ОХРИД ТОП ТИМ, УПАТУВАМЕ ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ЛТХ ЛЕАРНИЦА ЗА НИВНАТА ПОДДРШКА НА НАШАТА РАБОТА. Денес, на теренот на ФК Караорман во Струга се одиграа натпреварите од второто коло. Иако нашите играа добар фудбал, сепак резултатите не одеа во наш прилог. Заморот на дел од фудбалерите по одиграниот турнир во Ресен, како и распоредот на сите натпревари во еден ден влијаеше врз резултатите од денешното коло.
Општина Ресен беше успешен организатор на традиционалниот меморијален младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги“. Овој убав спортски настан на кој учествуваат екипи од Ресен, Охрид, Битола и Прилеп се одржува по повод познатата манифестација „Преспански јаболкобер“ 2015. Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ (ген. 2002) со особена гордост и задоволство го претставуваше нашиот град Охрид на овој турнир на кој уште учествуваа битолски Пелистер, Тотал Фудбал Вардар од Ресен и Перак од Прилеп. Ждрепката посака во полуфиналето на овој турнир да се сретнат екипите на Охрид Топ Тим и силната екипа на битолски Пелистер. Во еден цврст и исцрпувачки натпревар, во кој двете екипи создаваа шанси за гол, нашите први го отворија отворија натпреварот кон средината на првото полувреме со погодокот на Албнор Каба кој одлично беше проигран од Екрем Алијашар за водство од 1:0. Сепак, по една деконцентрација на нашата одбрана пред крајот на првиот дел, битолчани успеаа да погодат и да го изедначат резултатот. Второто полувреме гледавме уште поборбен фудбал во кој двете екипи не се штедеа и се обидуваа да го решат натпреварот во своја корист. На крај, резултатот од првото полувреме се покажа како конечен и победникот требаше да биде решен по изведување на пенали. Одличен на нашиот гол беше голманот Николче Целески кој успеа да скроти неколку противнички удари од белата точка, а го постигна и одлучувачкиот пенал за влез во финалето на турнирот. Финалето го игравме со домаќинот ФК Тотал Фудбал Вардар од Ресен кој претходно во полуфиналето го совлада пелагонискиот првак во ген. 2002, екипата на ФК Перак Прилеп. Иако за домаќинот настапија и неколку повозрасни играчи, сепак нашите покажаа дека знаат да играат одличен фудбал создавајќи многу повеќе прилики за гол од противникот. Двата брзи гола на домаќините по направените грешки во одбраната не ги обесхрабрија нашите кои постојано напаѓаа и вршеа голем притисок кон противничкиот гол. Сиот труд и добра игра се исплатија со двата погодоци на Климент Гиноски со што го изедначивме резултатот на 2:2. Притоа, во еден наврат ја погодивме и пречката на голот. Сепак, среќата им се насмевна на домаќините кога со помош на судијата топката се одби зад нашата одбрана кај противнички играч кој успеа да реализира за 3:2. Иако нашите направија уште поголем притисок и создадоа шанси за гол, сепак домаќините успеаа да се одбранат и да го добијат натпреварот. На крај, „Белите“ сосема заслужено ја имаа таа чест да го добијат вицешампионскиот пехар и тоа директно од рацете на Градоначалникот на општина Ресен г-н Ѓоко Стрезовски. По одигрувањето на натпреварите, организаторот на турнирот се погрижи сите екипи да се дружат на заеднички ручек во еден од ресенските ресторани. Останува да им честитаме на домаќините екипата на ФК Тотал Фудбал Ресен за освоениот турнир, како и на организаторот Општина Ресен за убавата организација на оваа спортска манифестација. Се надеваме дека повторно ќе имаме можност да бидеме дел од овој фудбалски настан. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Николче Целевски, Филип Митрески, Петар Војдиноски, Емре Дуница, Алек Иваноски, Климент Гиноски, Филип Маркоски, Абнор Каба, Андреј Мирчески, Екрем Алијашар, Теодор Речкоски, Мухамед Јахја Шкор и Даниел Шитракоски. Погледнете ја галеријата на слики од турнирот. Најава: Охриѓани, дел од Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благоја Котларовски – Баги“24/9/2015 На покана на ФК Тотал Фудбал од Ресен и Општина Ресен, ФК ОХРИД ТОП ТИМ (ген. 2002) ќе биде дел од традиционалниот меморијален младински фудбалски турнир „Благоја Котларовски – Баги“. Овој фудбалски настан е дел од познатата манифестација „Преспански јаболкобер 2015“ што секоја година ја организира Општина Ресен. На силниот турнир ќе настапат екипи од Ресен, Охрид, Битола и Прилеп. Покрај домаќиниот ФК Тотал Фудбал од Ресен и нашата екипа која ќе има чест и гордост да го претставува Охрид, ќе учествуваат уште и екипите на ФК Пелистер како претставник од Битола и ФК Перак од Прилеп. Очекуваме интересни фудбалски натпревари и убаво дружење на нашите пријатели од клубовите учеснички. Натпреварите ќе се играат на стадионот во Ресен, во сабота (26.09.2015) со почеток од 09.00 часот. Одличен фудбалски викенд зад нас, зачинет со пет победи за „Белите“ на стартот од ФФМ Детската фудбалска лига. Добрите игри на нашите фудбалерчина најпрво ги најавија највозрасните (ген. 2002) која одигра ефикасно и мотивирано против струшки Фљамуртари, совладувајќи го со високи 7:3. Екрем Алијашар четири пати ја затресе мрежата на противникот додека по еднаш стрелаа Филип Маркоски, Јанески Валентин и Петар Војдиноски. Следуваа и две победи во најмалите генерации каде ген. 2007 со двата гола на Максим Науомоски беше подобра од струшки Караорман во езерското дерби, додека за победа на нашите против охридски Вардар во ген. 2006 стрелаа Мухамед Сеидоски и Валентин Блажески. Уште еден позитивен резултат од 0:3 оствари ФК ОХРИД ТОП ТИМ Б ген. 2005 против ФК Караорман Струга. Во оваа екипа настапуваат само играчи од ген. 2006 кои се натпреваруваат во една генерација повозрасни. Шлагот на тортата со кој се затворија серијата успешни резултати во првото коло го оствари ген. 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ која со убедливи 9:0 ги совлада врсниците од ФК Академија Пандев 10 Б Охрид. Притоа, нашите не успеаа да реализираат и пенал за уште повисока победа. Единствениот пораз ова коло го имаше ген. 2005 која одигра лошо прво полувреме против ФК Кораб од Дебар, па единствениот погодок на Амар Садикоски во вториот дел беше доволен само да се ублажи високото водство на противникот кое го направија во првиот дел од мечот. Новата сезона на Детската фудбалска лига што ја организира Фудбалската федерација на Македонија започнува наредниот викенд. Оваа година во лигата се натпреваруваат фудбалски клубови од Охрид, Дебар, Струга, Враништа и Лабуништа. ФК ОХРИД ТОП ТИМ ќе се натпреварува со шест екипи во пет различни возрасни категории. Пријавени се екипи во категории У-13 (2002), У-11 (2004), две екипи У-10 (2005), У-09 (2006) и У-8 (2007). Натпреварите од првото коло ќе се играат на теренот со вештачка трева на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Погледнете го распоредот на натпревари на отварањето на сезоната: (2002) 19.09.2015 15.55 ч. ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Фљамуртари Радолишта (2004) 20.09.2015 13.50 ч. ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Академија Пандев 10 Охрид (2005) 20.09.2015 12.00 ч. ФК ОХРИД ТОП ТИМ (А) - ФК Кораб Дебар (2005) 20.09.2015 12.55 ч. ФК ОХРИД ТОП ТИМ (Б) - ФК Караорман Струга (2006) 20.09.2015 10.40 ч. ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Евро фудбал 2 - Вардар Охрид (2007) 20.09.2015 10.00 ч. ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Караорман Струга Подолу може да го погледнете и распоредот на наптревари за есенскиот дел Викендов во Битола се одиграа натпреварите од меѓународниот турнир „ЛГ КУП Битола 2015“ што го организира фудбалската школа ЛГ Битола, а на кој настапија екипи од Македонија, Грција и Србија. ФК ОХРИД ТОП ТИМ настапи на оваа добра фудбалска манифестација со околу 40-тина фудбалерчина во сите возрасни категории (2002, 2004, 2006 и 2007). Одигравме неколку тешки натпревари со многу силни тимови како Вардар, Пелистер, Неготино, Прилеп, Липовица Белград и други. Генерација 2006 успеа да го совлада битолски Пелистер додека ген. 2004 ги совлада нивните врсници од екипата Еден на еден од Битола. Овие резултати беа недоволни за „Белите“ да влезат во елиминациската фаза на турнирот. Беше пријатно да се поминат два дена во Битола со нашите фудбалери, каде стекнавме драгоцено фудбалско искуство борејќи се со најдобрите и се разбира запознавме уште многу нови другари и пријатели со кои сигурно ќе имаме можност повторно да се видиме на некој ваков убав фудбалски настан. Честитки за организаторот на овој добар турнир, екипата на ЛГ Битола, и се надеваме дека ќе се видиме наредната година. Уживајте во галеријата со слики. Нашите пријатели, екипата на ЛГ Битола, по четврти пат се организатори на силниот меѓународен фудбалски турнир „ЛГ КУП 2015“ - Битола. Турнирот што се организира по повод независноста на Р. Македонија ќе се игра на терените во Битола и Новаци во периодот од 5 до 6 септември 2015. Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ оваа година ќе се натпреварува во сите возрасни категории, и тоа У-13 (2002), У-11 (2004), У-09 (2006) и У-8 (2007). Погледнете ги екипите што се дел од овој турнир, групите и распоредот на натпревари за нашата екипа по генерации: ГЕНЕРАЦИЈА 2002
Распоред на натпревари 05.09.2015 09.00 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК ЛГ 05.09.2015 10.20 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Липовица 06.09.2015 11.50 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Тони Натпреварите се играат на теренот во НОВАЦИ Се игра 7+1, 2 х 15 мин. ГЕНЕРАЦИЈА 2004
Распоред на натпревари 05.09.2015 14.10 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Тотал Фудбал 05.09.2015 16.10 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Пелистер 06.09.2015 09.40 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ГФК Неготино Натпреварите се играат на теренот во НОВАЦИ Се игра 7+1, 2 х 15 мин. ГЕНЕРАЦИЈА 2006
Распоред на натпревари 05.09.2015 09.10 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ГФК Неготино 05.09.2015 10.30 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Форца 06.09.2015 09.50 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Пелистер 06.09.2015 11.10 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Вардар Натпреварите се играат на теренот со вештачка трева во БИТОЛА Се игра 6+1, 2 х 15 мин. ГЕНЕРАЦИЈА 2007
Распоред на натпревари 05.09.2015 10.00 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Пелистер 05.09.2015 11.15 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Вардар 06.09.2015 09.35 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Топ Гол Натпреварите се играат на теренот со вештачка трева во БИТОЛА
Се игра 5+1, 2 х 15 мин. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|