![]() Уште една голема и успешна компанија од нашиот град стана пријател на нашиот фудбалски клуб. Денес, на главниот терен на СРЦ Билјанини извори, младите фудбалерчина на ФК ОХРИД ТОП ТИМ добија маички за тренинг, подарок од една од најуспешните компании во нашиот град, ЛТХ Леарница Охрид. Посебно сме горди што оваа компанија која високо котира во бизнис секторот во Р. Македонија, на ваков начин оддава признание за нашата работа и го помогна работењето на нашата фудбалска школа со тоа што обезбеди 70 маички за тренинг за секое наше фудбалерче со логото на клубот и со логото на компанијата. ЛТХ Леарница, дел од ЛТХ Кастинг групација, важи за високо квалитетен и успешен производител на алуминиумски делови за автомобилската индустрија. Оваа компанија е дел од топ 20-те компании што имаат најголем извоз на државно ниво. Нивните производи ги има на пазарите во Европа, како и во прекуокеанските земји Мексико и Кина. Исто така, може да се пофалат дека се дел од 100-те најуспешни компании во Македонија и дека имаат повеќе од 400 вработени. Значењето на оваа компанија за нашиот град не се мери само преку нивните бизнис активности. Тие уште еднаш покажаа дека се компанија со значајна општествена одговорност, помагајќи ги најмладите од една страна и спортот од друга страна. На овој начин, даваат скромен но значаен придонес кон развојот на спортот и младите што ни дава нов поттик и дополнителна желба заеднички да работиме кон промоција на вистинските вредност кај децата, создавајќи посветла иднина за сите нас. ВО ИМЕТО НА СИТЕ ФУДБАЛЕРЧИНА НА ФК ОХРИД ТОП ТИМ, УПАТУВАМЕ ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ЛТХ ЛЕАРНИЦА ЗА НИВНАТА ПОДДРШКА НА НАШАТА РАБОТА. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|