ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

ФК ОХРИД Топ Тим со нерешен резултат го заврши настапот на „Фер плеј Куп 2014“ (ФОТО)

23/8/2014

Comments

 
Picture
Денес, на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, продолжија натпреварите по групи на меѓународниот фудбалски турнир „Фер плеј куп 2014“.

Генерација 2002 од екипата на ФК ОХРИД Топ Тим играше со лидерот од нашата група ФК Куманово во натпревар што одлучуваше за пласман во елиминационата фаза. На „Белите“ им требаше победа од 2 гола разлика за да обезбедат сигурен пласман понатаму, додека на Кумановчани им одговараше и минимален пораз. Веднаш тргнавме со напади кон противничкиот гол, но беше тешко да се пробие „ѕидот“ што гостите го имаа поставено. Противниците играа цврста одбрана со многу прекршоци и се обидуваа да го загрозат нашиот гол со „избивање“ на топката од нивната половина и контранапади. Во втората половина од натпреварот, после една пресечна топка и грешка во нашата одбрана, бевме во негатива од еден гол. Нашите повторно тргнаа напред и почнаа да создаваат шанси. Најпрво, ударот на Александар Трпоски заврши во пречката, за малку подоцна, после добро изведениот корнер, одличен удар со глава на Христијан Китрозоски да заврши во противничката мрежа со што ги поставиме конечните 1:1. По завршувањето на сите натпревари од групата, единствениот пораз што го имавме од бугарската екипа „Дит“ од Софија се покажа како одлучувачки во нашиот конечен пласман на третото место во групата што не беше доволно за пласман во елиминационата фаза. Мора да им се честита на сите момци што настапија во оваа генерација на турнирот, а тоа се: Никола Целески, Фипип Митрески, Емре Дуница, Емре Мустафа, Христијан Јачимоски, Климент Гиноски, Мухамед Јахја - Шкор, Христијан Китрозоски, Горан Крстаноски, Петар Љушкоски, Јане Љушкоски, Стивен Митрески, Томи Николоски, Тарик Максуд и Александар Трпоски.

Picture
Генерација 2005 последниот натпревар на турнирот што го играше со екипата на ФК Шкупи од Скопје го загуби со резултат од 0:3. Нашите најмлади фудбалерчиња изиграа во рамките на она што се очекуваше од нив. За сите нив ова беше прво официјално учество на меѓународен фудбалски турнир и што е уште поважно, истите играа во комбиниран состав од играчи родени 2005, 2006, 2007 и 2008 година и се натпреваруваа во формат на натпревари што не е карактеристичен за оваа генерација. Ова е драгоцено искуство за овие дечиња кои се иднината на нашиот клуб. Она што најмногу не’ радуваше е нивната љубов кон спортот и фудбалот и тимскиот дух што го имаат. Честитки за нивното залагање. За генерација 2005 настапија: Пацески Петар, Хусеин Јусуф, Палитов Стефан, Блажески Валентин, Сеидоски Мухамед, Лолески Михаил, Размоски Дамјан, Балчески Николче и Николоски Матеј.

Следи галеријата од денешниот ден:

Галерија, Фер плеј куп 2014, 23.08.2014

Comments

Возбудлив прв ден на „Фер Плеј Куп 2014“ (ФОТО)

22/8/2014

Comments

 
Picture
Фудбал .. голови ... возбуда ... забава .. дружење!!! Долг, но убав ден денес на СРЦ „Билјанини извори“, најмногу благодарение на момците од ФК ОХРИД Топ Тим. На турнирот игравме со две различни генерациим 2002 и 2005, кои ја оправдаа целта заради која учествуваат на турнирот.

Генерација 2002 одигра два тешки натпревари со екипите на фудбалската академија ДИТ од Софија, Бугарија и ФШ Њу Старс од Скопје. На првиот натпревар со гостите од Бугарија доживеавме пораз од 1:4 иако први поведовме со голот на Мухамед Јахја Шкор. Сепак, тоа не ги поколеба нашите момци да ни приредат многу возбудувања на мечот со екипата на ФШ Њу Старс. Вториот натпревар го почнавме одлучно и со голот на Христијан Китрозоски рано поведовме со 1:0. Потоа следеа две „чисти“ шанси за гол што не успеавме да ги искористиме и да го решиме натпреварот многу порано. Напротив, по направените две грешки во нашата одбрана, гостите го свртеа резултатот во нивна корист и поведоа со 1:2. Но, „Белите“ уште еднаш покажаа карактер и не се откажаа од натпреварот. Тргнаа одлучно напред и со головите на Христијан Јачимоски и Емре Мустафа успеаа да го добијат натпреварот со 2:3 со што ги задржаа шансите за влез во ¼ финале на турнирот. Патникот во следната рунда на натпревари ќе се одлучува на утрешниот натпревар против екипата на ФК Куманово од Куманово.

Генерација 2005 за прв пат учествуваа на силен меѓународен фудбалски турнир. Она што е важно за оваа генерација е тоа што играа во комбиниран состав со играчи родени 2005, 2006, 2007 и 2008 година. И покрај тоа, овие млади фудбалерчиња играа храбро против мошне силната екипа на ФА Постолов Пандев од која загубија со 0:4 и уште подобро против екипата на ФК Еден на еден од Могила на која и дадоа силен отпор и загубија со 0:3. Утре им останува уште еден натпревар против екипата на ФК Шкупи од Скопје.

Погледнете ја галеријата од денешниот ден:

Галерија, Фер плеј Куп 2014 - 1 ден, 22.08.2014

Comments

Распоред на натпревари за „Фер плеј Куп 2014“

21/8/2014

Comments

 

Генерација 2002

Picture
Picture
Picture
Picture
Петок, 22.08.2014
09.00 ч.
13.00 ч.
ФК ОХРИД Топ Тим - ФА Дит, Софија, Бугарија
ФК ОХРИД Топ Тим - ФШ Њу старс, Скопје
Терен 1 - СРЦ „Бил. извори“
Терен 3 - Водовод
Сабота, 23.08.2014
08.30 ч.
ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Куманово, Куманово
Терен 1 - СРЦ „Бил. извори“

Генерација 2005

Picture
Picture
Picture
Picture
Петок, 22.08.2014
10.30 ч.
16.00 ч.
ФК ОХРИД Топ Тим - ФА Пандев Постолов, Штип
ФК ОХРИД Топ Тим - ФШ Еден на еден, Могила
Терен 3 - Водовод
Терен 3 - Водовод
Сабота, 23.08.2014
15.00
ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Шкупи, Скопје
Терен 1 - СРЦ „Бил. извори“
Comments

Познати противниците на ФК ОХРИД Топ Тим на „Фер плеј Куп 2014“

21/8/2014

Comments

 
Организаторот на „Фер плеј Куп“ 2014, на својата фејсбук страна, ги објави пријавените екипи во генерации 2002 и 2005 како и правилата за натпреварување. Очекуваме да биде објавен и распореот на натпреварите.
Picture
Генерација 2002
Група А
  1. ФК Брегалница, Штип
  2. ФК Тони, Прилеп
  3. ФК Еврофудбал, Охрид
  4. ФК Македонија ЃП, Скопје

Група Б
  1. ФК ОХРИД Топ Тим, Охрид
  2. ФА ДИТ Софија, Бугарија
  3. ФК Куманово, Куманово
  4. ФК Њу Стар, Скопје

Група Ц
  1. ФК Вардар, Скопје
  2. ФА Пандев 10, Охрид
  3. ФК Еден на еден, Могила
  4. ФК Караорман, Струга

Група Д
  1. ФК Борац, Нови Сад, Србија
  2. ФК Фер Плеј, Охрид
  3. ФК Талент, Битола
Генерација 2005
Група А
  1. ФК Фер Плеј, Охрид
  2. ФК Маџари Нова колонија, Скопје
  3. ФК ЛГ, Битола
  4. ФА Пандев Постолов 2, Штип

Група Б
  1. ФК ОХРИД Топ Тим, Охрид
  2. ФА Пандев Постолов 1, Штип
  3. ФК Шкупи, Скопје
  4. ФК Еден на еден, Могила

Група Ц
  1. ФК Вардар, Скопје
  2. ФК Фудбал старс,Кочани
  3. ФК Еврофудбал, Охрид
  4. ФК Кикер 2, Краљево, Србија

Група Д
  1. ФК Кикер 1, Краљево, Србија
  2. ФК Фамос, Скопје
  3. ФК Караорман, Струга
  4. ФК Фер Плеј 2, Охрид
Натпреварите по групи, баражите за четвртфинале и четвртфиналињата се играат по едно полувреме од 25 минути. Полуфиналињата и финалињата се играат 2 полувремиња по 15 мин.

Се вкрстува на следниот начин:

Генерација 2002
1/4 финале: А1 - Б2* против Б1 - А2* (го даваат првиот полуфналист)
1/4 финале: Ц1 - Д2* против Д1 - Ц2* (го даваат вториот полуфналист)
*1/8 финале: најслабо пласирана втора екипа по групи со третопласираната од група Д

Генерација 2005
1/4 финале: А1 - Б2 против Б1 - А2 (го даваат првиот полуфналист)
1/4 финале: Ц1 - Д2 против Д1 - Ц2 (го даваат вториот полуфналист)
Comments

У-12: Сигурна победа на ФК ОХРИД Топ Тим над реномираната екипа на ФК Работнички Скопје (ФОТО)

19/8/2014

Comments

 
Picture
У-12: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Работнички Скопје 3:1 (1:1)
Место: Главен терен СРЦ „Билјанини извори“ Охрид

За ФК ОХРИД Топ Тим играа: Никола Целески, Фипип Митрески, Емре Дуница, Емре Мустафа, Христијан Јачимоски, Климент Гиноски, Мухамед Јахја - Шкор, Христијан Китрозоски, Горан Крстаноски, Петар Љушкоски, Јане Љушкоски, Томи Николоски, Тарик Максуд.
Стрелци за ФК ОХРИД Топ Тим: Емре Мустафа, Климент Гиноски и Христијан Китрозоски.

Врвен фудбал денеска на главниот терен на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Гостин на У-12 екипата на ФК ОХРИД Топ Тим беше далеку пореномираната екипа на ФК Работнички од Скопје. 
Одличните услови за фудбал само допринесоа до израз да дојде квалитетот на двете екипи. Гостите го започнаа натпреварот посигурно и го имаа почетниот притисок врз голот на „Белите“. Таквата игра ги принуди домаќините кои дотогаш одлично се бранеа да направат прекршок во близина на казнениот простор. „Црвените“ изведоа одличен слободен удар кој резултираше со погодок со кој го отворија резултатот. Сепак, водството на гостите не ги обесхрабри момците од нашиот тим. Од тој момент, нашата игра стана посигурна и почнавме полека да ја неутрализираме играта на реномираниот противник. Се редеа напади и шанси пред противничкиот гол штп не успевавме да ги искористиме. Добрата и сигурна игра беше наградена пред крајот на првото полувреме кога по одбиената топка од ударот на Христијан Китрозоски на право место се најде Емре Мустафа кој прецизно стрелаше во противничкиот гол. На полувреме се отиде со резлутат 1:1.
Второто полувреме продолжи со добра игра на двете страни. Се редеа шанси и на едната и на другата страна. „Белите“ продолжија со агресивна и сигурна игра што ги принудуваше гостите на грешки. После еден прекршок пред противничкиот гол беше досуден слободен удар за домашните. Слободниот го изведе Климент Гиноски кој со прекрасен удар успеа да го совлада противничкиот голман и да донесе водство за „Белите“. Точка на натпреварот стави Христијан Китрозоски кој со својот погодокот го зголеми водството на 3:1 што на крај се покажа како конечен резултат. Во продолжение погледнете ја галеријата од натпреварот.

Галерија У-12: ОХРИД Топ Тим - Работнички, 19.08.2014

Галерија, меѓусебен тренинг натпревар У-9, 19.08.2014

Comments

Најава: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК РАБОТНИЧКИ Скопје

18/8/2014

Comments

 
Picture
Продолжуваме во натпреварувачки ритам. Како дел од подготовките за следната сезона, во вторник (19.08.2014), екипата на ФК ОХРИД Топ Тим ќе одигра пријателски натпревари со реномираната екипа на ФК Работнички од Скопје и тоа со генерациите 2002 и помлади и 2003 и помлади.
Натпреварите ќе се играат на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 18.00 часот.

Comments

ФК ОХРИД Топ Тим ќе игра на „Фер плеј Куп 2014“

17/8/2014

Comments

 
Picture
ФК ОХРИД Топ Тим ќе биде дел од силниот и атрактивен турнир „Фер Плеј Куп 2014“ што по четврти пат ќе се игра оваа година во периодот од 22 до 24 Август. Организаторот најави учество на преку 50 екипи од повеќе земји што ќе се натпреваруваат во неколку возрасни категории.
Picture
Нашата екипа ќе се натпреварува во две генерации и тоа: 2002 и 2005. 
Натпреварите ќе се играат на СРЦ Билјанини извори во Охрид.
Повеќе информации за турнирот може да се добијат на нивната интернет страна: www.ferplejkup.com 
Comments

Покана за родителски состанок

13/8/2014

Comments

 
Почитувани родители,

ФК ОХРИД Топ Тим закажува состанок со родителите на сите членови на фудбалската школа од овој клуб, што ќе се одржи во четврток (14.08.2014) во 19.30 часот (по тренингот) во кафе бар „Офсајд“ во спортската сала „Билјанини извори“.

Ќе се дискутира по следниот 
Д Н Е В Е Н    Р Е Д
  1. Информација за текот на работењето на школата
  2. Презентирање на програмата за работа до крајот на 2014
          - Тренинзи
          - Учество на „Ферплеј куп“ Охрид 2014
          - Учество на „ЛГ Куп“ Битола
          - Учество во детската лига што ја организира ФФМ
  3. Спортска опрема
  4. Разно

Контактирајте не’ на следниот тел: 076/599-995 (Наум Јанкуловски) или на нашата електронска пошта: ohridtoptim@gmail.com доколку Ви се потребни дополнителни информации во врска со состанокот.

Ве молиме за Ваше присуството.

Со почит,

ФК ОХРИД Топ Тим

Comments

Реми со струшки Влазними на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид

12/8/2014

Comments

 
Picture
Денес на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на ФК ОХРИД Топ Тим од Охрид и ФК Влазними од Струга. Двете екипи одиграа мошне квалитетен натпревар со генерација 2002 и помлади кој на крајот заврши нерешено со резултат 2:2. Иако домашната екипа на два пати поведуваше, сепак Стружани успеваа да одолеат на постојаниот притисок и го стигнуваа водството на „Белите“. Како предигра на овој натпревар, се одигра и еден меч помеѓу помладите генерации од двата тима (2005 и помлади) што го добија гостите.
Во прилог може да ја погледнете галеријата од денешните натпревари:

Галерија, 12.08.2014 - ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Влазними

Comments

Најава: Пријателски натпревар ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Влазними

9/8/2014

Comments

 
Picture
Согласно предвидениот распоред на активности на ФК ОХРИД Топ Тим, на 12.08.2014 (вторник) во 17.30 часот е закажан пријателски натпревар со екипата на ФК Влазними од Струга во повеќе возрасни категории. Натпреварите ќе се играат на помошното игралиште на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Comments
<<Previous

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.