Фудбал .. голови ... возбуда ... забава .. дружење!!! Долг, но убав ден денес на СРЦ „Билјанини извори“, најмногу благодарение на момците од ФК ОХРИД Топ Тим. На турнирот игравме со две различни генерациим 2002 и 2005, кои ја оправдаа целта заради која учествуваат на турнирот. Генерација 2002 одигра два тешки натпревари со екипите на фудбалската академија ДИТ од Софија, Бугарија и ФШ Њу Старс од Скопје. На првиот натпревар со гостите од Бугарија доживеавме пораз од 1:4 иако први поведовме со голот на Мухамед Јахја Шкор. Сепак, тоа не ги поколеба нашите момци да ни приредат многу возбудувања на мечот со екипата на ФШ Њу Старс. Вториот натпревар го почнавме одлучно и со голот на Христијан Китрозоски рано поведовме со 1:0. Потоа следеа две „чисти“ шанси за гол што не успеавме да ги искористиме и да го решиме натпреварот многу порано. Напротив, по направените две грешки во нашата одбрана, гостите го свртеа резултатот во нивна корист и поведоа со 1:2. Но, „Белите“ уште еднаш покажаа карактер и не се откажаа од натпреварот. Тргнаа одлучно напред и со головите на Христијан Јачимоски и Емре Мустафа успеаа да го добијат натпреварот со 2:3 со што ги задржаа шансите за влез во ¼ финале на турнирот. Патникот во следната рунда на натпревари ќе се одлучува на утрешниот натпревар против екипата на ФК Куманово од Куманово. Генерација 2005 за прв пат учествуваа на силен меѓународен фудбалски турнир. Она што е важно за оваа генерација е тоа што играа во комбиниран состав со играчи родени 2005, 2006, 2007 и 2008 година. И покрај тоа, овие млади фудбалерчиња играа храбро против мошне силната екипа на ФА Постолов Пандев од која загубија со 0:4 и уште подобро против екипата на ФК Еден на еден од Могила на која и дадоа силен отпор и загубија со 0:3. Утре им останува уште еден натпревар против екипата на ФК Шкупи од Скопје. Погледнете ја галеријата од денешниот ден: Галерија, Фер плеј Куп 2014 - 1 ден, 22.08.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|