ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

Пријателски натпревар У-9 (2007): Ефикасно „Езерско дерби“ во Струга

27/2/2016

Comments

 
Picture
Денес, на стадионот на Караорман во Струга, се одигра пријателски натревар во У-9 категорија (2007) помеѓу екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид и ФК Караорман Струга. Младите фудбалерчина на двата тима пружија одличен и атрактивен фудбал со многу голови во кој уживаа сите присутни на стадионот. „Белите“ го отворија натпреварот, на што стружани одговорија со два гола и за кратко го презедоа водството. Веднаш потоа, нашите заигра поангажирано и со три гола во серија, повторно стигнаа до убава предност од 4:2. По направените неколку измени во нашиот состав, „Црвените“ успеаја да го неутрализираат нашето водство, а до крајот и едните и другите постигнаа уште по еден погодок за конечни 5:5. Три гола за охриѓани постигна Максим Наумоски, а на два пати стрелаше Михаил Николовски. Честитки за нашите фудбалерчина за убавата и ефикасна игра.
​
За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Онур Бешир, Мартин Мајкиќ, Кирил Гашоски, Климент Гашоски, Лука Илијоски, Максим Наумоски, Јован Трпеноски, Михаил Николоски и Андреј Маркоски. 

Уживајте во галеријата од денешниот ден:

Comments

„Белите“ со убедлива победа ги завршија натпреварите на Балканика куп 2016

20/2/2016

Comments

 
Picture
​Денес, екипата на ОХРИД ТОП ТИМ ги одигра двата последни натпревари на Балканика куп 2016 во Сандански. Игравме против две добри екипи од Република Бугарија, и како што е вообичаено, возбудувањата кога настапува нашата екипа и овој пат не изостануваа.

Првиот натпревар го игравме претпладне со екипата на Презтиж Кариана само неколку часа по натпреварот со ЦСКА Софија. Нашите момци и покрај тоа што беа видливо уморни од двата претходни тешки меча, сепак играа подобро и постојано вршеа притисок на противничкиот гол создавајќи шанси кои не ги користевме. Според непишаното фудбалско правило, по многуте неискористени шанси, гостите направија контра напад по една случајно одбиена топка и со удар од далечина го совладаа нашиот голман. Нашите не се откажуваа и по примениот гол, но неефикасната игра на овој меч не спречи да дојдеме до поволен резултат.

Вториот натпревар се играше четири часа подоцна и беше наш трет натпревар во нецели 24 часа. Игравме против бугарската екипа Орлета од Пазарџик. Иако изморени, момците започнаа да играат многу ангажирано и одлучно, повторно вршејќи постојан притисок на противничкиот гол. Овој пат не изостана ефикасноста која беше резултат на одличната игра на охриѓани. Нашиот лев бек Емре Мустафа направи неколку одлични пробиви и дури три пати асистираше на погодоците кои ги постигнаа Амар Садикоски во првото полувреме и Лука Менкиноски во второто полувреме кој два пати ја затресе мрежата на противничкиот гол. На крај, со убедлива игра и резултат од 3:0 ФК ОХРИД ТОП ТИМ стигна до третото место во А групата на овој силен фудбалски турнир.

Треба да споменеме дека натпреварите се играа по правилата на Бугарската фудбалска федерација што се разликуваат од правилата за У-12 фудбал во Македонија, па нашите момци мораа „во од“ да се прилагодуваат на истите. Па така, се играа две полувремина по 25 минути во систем 8+1 и со офсајд игра.

Благодарност до организаторот на Балканика куп 2016 за поканата да бидеме во друштво со дел од најдобрите балкански екипи. Нашите фудбалери ќе понесат драгоцено искуство одлични спомени и нови пријателства од овој турнир. Голема благодарност до сите фудбалери кои со срце и чесно ги бранеа боите на нашиот клуб  Беше вистинско уживање да се дружиме со нив и да се гледа нивната игра.

За ФК ОХРИД ТОП ТИМ на овој турнир играа: Кадир Ибрахим, Петар Симоноски, Климент Филев, Наум Јаковлев, Александар Трпоски, Јусуф Ариф, Мухамед Јахја Шкор, Никола Кречов, Хадис Рифат, Амар Садикоски, Емре Мустафа, Лука Менкиноски и Михаил Целески.

Во продолжение може да ја погледнете галеријата со слики од денешниот ден.

Comments

ОХРИД ТОП ТИМ и ЦСКА Софија го одиграа најдобриот меч на Балканика куп 2016

19/2/2016

Comments

 
Picture
Прекрасна фудбалска ноќ на стадионот на Сандански во Бугарија. Меч за вистинските фудбалски сладокусци приредија вечерва екипите на ОХРИД ТОП ТИМ и бугарскиот У-12 шампион - софиска ЦСКА.
Мечот што се играше во централниот вечерен термин го оправда епитетот дерби на колото. Охриѓани мечот го започнаа агресивно и без поголем респект кон противникот. Одличната игра на „Белите“ го збуни противничкиот тим кој тешко можеше да врзи комбинаторна игра. Нашите одлично напаѓаа и по една извонредна акција успеаа да создадат одлична шанса по која Мухамед Јахја Шкор постигна вистински еврогол за водство на „Белите“ од 1:0. Тоа им даде уште поголем „ветар во грб“ на нашите кои постојано се закнауваа пред противничкиот гол. Сепак, пред самиот крај на првото полувреме, екипата на ЦСКА со огромна наша помош и постигнатиот автогол, успеа да го неутрализира водството на охриѓани, па на полувреме се отиде со резултат 1:1.

Второто полувреме повторно беше во знакот на „Белите“ кои вршеа постојан притисок кон противничкиот гол и создадоа неколку извонредни шанси. Убави прилики имаа Никола Кречов и Лука Менкиноски, но сепак противникот од Софија успешно се одбрани. Токму во моментите кога нашите имаа доминантна игра, со удар од далечина по кој нашиот голман не успеа да интервенира, гостите ги поставија конечните 1:2. Иако нашите имаа уште неколку обиди да стигнат до нов погодок, сепак, бугарскиот шампион успешно се одбрани и на крај се радуваше на минималната и среќна победа  која ги „зацементира“ на првото место во нашата група.

Честитки до сите наши фудбалери кои со големо СРЦЕ ги бранеа боите на нашиот клуб и кои направија да се чуствуваме горди и задоволни. Беше вистинско уживања да се гледаат.
Утре не чека уште еден возбудлив и тежок ден во кој ќе имаме дури два натпревари со бугарските екипи Престиж Карина и Орлета.

Погледнете ја галеријата од денешниот ден.

Comments

Балканика куп 2016: Скопски Вардар подобар од Охриѓани

18/2/2016

Comments

 
Picture
Денес на „фудбалското мени“ на Балканика куп 2016 во Сандански беше македонското дерби во групата А, натпреварот помеѓу ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид и ФК Вардар Скопје. Борбен и цврст натпревар што на крајот го добија Скопјани. „Белите“ влегоа со импресии и со преголем респект на почетокот на натпреварот и направија серија грешки што „Црвено црните“ умешно ги искористија и стигнаа до убедлива предност од 0:3 уште во првите 10 минути на натпреварот. Сепак, по лошиот старт, нашите фудбалери заиграа поангажирано и ја неутрализираа играта на противникот. Во продолжение се играше рамноправен и атрактивен фудбал во кој уживаа сите присутни на стадионот Сандански. До крајот на натпреварот, Вардар успеа уште еднаш да ја погоди мрежата на охриѓани за конечни 0:4. Се’ на се’, одличен натпревар од кој може многу да се научи и од кој може да се види дека нашите момци може да играат добро и со најсилните балкански екипи.

Утревечер не’ чека уште еден тежок меч против силната ЦСКА од Софија која е еден од фаворитите за освојување на овој меѓународен турнир. 

Погледнете ја галеријата на слики од денешниот натпревар.

Comments

„Белите“ пристигнаа во Сандански

17/2/2016

Comments

 
Picture
Одлично патување до Сандански. Фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ денес пристигнаа во Сандански, Република Бугарија, каде ќе играат на силниот меѓународен младински фудбалски турнир „Балканика куп 2016“. Веднаш по пристигнувањето, нашите се сместија во еден од најубавите хотели во овој град – „Панорама“. Според распоредот на натпревари, нашите денес имаат слободен ден за да може да се одморат од патувањето пред да започнат со натпреварување.

Слободното време го искористивме да погледнеме дел од натпреварите што се играат на турнирот, но и за една убава прошетка низ градот сместен во долината на реката Струма и во подножјето на Пирин планина. Интересно е тоа што овој град се наоѓа на геотермални води кои имаат високи температури и низ „живите“ извори низ градот може да се користи топлата вода. Поради лековитите својства на оваа вода, овој град порано се викал „Св. Врач“. Денешното име на градот е по македонскиот револуционер Јане Сандански. Пријатната и топла клима што е резултат на карактеристиките на градот претставува само дополнителен плус за одлични услови за натпреварување што не’ очекуваат во текот на нашиот престој тука.

Интересното започнува утре попладне. Веднаш започнуваме со дерби натпревар кој ќе го играме со скопски Вардар, а во петок не очекуваат уште поголеми возбудувања, кога во централниот вечерен термин ќе се надигруваме со екипата на ЦСКА Софија. Сабота ќе играме уште два натпревари против бугарските екипи Престиж Кариана и Орлета.

Се разбира, на нашата веб страна, ќе може да ги прочитате и погледате најинтересните моменти од нашиот престој тука.

Уживајте во галеријата со слики од денешниот ден!

Comments

Најава: Охриѓани дел од силен меѓународен турнир во Бугарија - „Балканика куп“ 2016

5/2/2016

Comments

 
PictureБалканика куп 2016 Сандански
Градот Сандански во Република Бугарија ќе биде домаќин на младинскиот меѓународен фудбалски турнир „Балканика куп 2016“ што ќе се играа овој месец Во текот на две недели во овој град ќе играат дел од најдобрите екипи на Балканот меѓу кои ЦСКА, Левски, Пирин, Ботев, Малеш, Беласица, Черноморец и други од Бугарија, Охрид, Вардар, Брегалница, Пандев од Македонија, Пансеракос и други од Грција, а истите ќе се натпреваруваат во повеќе возрасни категории од 15 до 9 години.


ФК ОХРИД ТОП ТИМ од Охрид со задоволство ја прифати поканата на организаторот да биде дел од овој престижен меѓународен турнир каде ќе се натпреваруваме во категорија У-12 (2004). „Белите“ ќе престојуваат во Сандански, Бугарија од 17 до 21 февруари и ќе бидат сместени во еден од најдобрите хотели во овој туристичко рекреативен центар кој важи за најтоплото место во Бугарија. Организаторот најави одлични услови на натпреварување, а натпреварите ќе се играат на терени со природна и вештачка трева.

Покрај Охриѓани, во категорија У-12 ќе се натпреваруваат уште 9 други екипи распоредени во две групи.


ГРУПА А
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture
ФК ОХРИД ТОП ТИМ
Охрид

ФК ЦСКА
​Софија, Бугарија
ФК ВАРДАР
​Скопје
ФК ПРЕСТИЖ КАРИАНА
Бугарија
ДФК ОРЛЕТА
Пазарџик, Бугарија

ГРУПА Б
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture
ФК ЛЕВСКИ
​Софија, Бугарија
ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Струмица
ФК ВИТОША 13
Софија, Бугарија
ФК БЕЛАСИЦА
Петрич, Бугарија
ФК БРЕГАЛНИЦА
Штип


Распоредот на натпревари дополнително ќе биде објавен.
Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.