![]() Прекрасна фудбалска ноќ на стадионот на Сандански во Бугарија. Меч за вистинските фудбалски сладокусци приредија вечерва екипите на ОХРИД ТОП ТИМ и бугарскиот У-12 шампион - софиска ЦСКА. Мечот што се играше во централниот вечерен термин го оправда епитетот дерби на колото. Охриѓани мечот го започнаа агресивно и без поголем респект кон противникот. Одличната игра на „Белите“ го збуни противничкиот тим кој тешко можеше да врзи комбинаторна игра. Нашите одлично напаѓаа и по една извонредна акција успеаа да создадат одлична шанса по која Мухамед Јахја Шкор постигна вистински еврогол за водство на „Белите“ од 1:0. Тоа им даде уште поголем „ветар во грб“ на нашите кои постојано се закнауваа пред противничкиот гол. Сепак, пред самиот крај на првото полувреме, екипата на ЦСКА со огромна наша помош и постигнатиот автогол, успеа да го неутрализира водството на охриѓани, па на полувреме се отиде со резултат 1:1. Второто полувреме повторно беше во знакот на „Белите“ кои вршеа постојан притисок кон противничкиот гол и создадоа неколку извонредни шанси. Убави прилики имаа Никола Кречов и Лука Менкиноски, но сепак противникот од Софија успешно се одбрани. Токму во моментите кога нашите имаа доминантна игра, со удар од далечина по кој нашиот голман не успеа да интервенира, гостите ги поставија конечните 1:2. Иако нашите имаа уште неколку обиди да стигнат до нов погодок, сепак, бугарскиот шампион успешно се одбрани и на крај се радуваше на минималната и среќна победа која ги „зацементира“ на првото место во нашата група. Честитки до сите наши фудбалери кои со големо СРЦЕ ги бранеа боите на нашиот клуб и кои направија да се чуствуваме горди и задоволни. Беше вистинско уживања да се гледаат. Утре не чека уште еден возбудлив и тежок ден во кој ќе имаме дури два натпревари со бугарските екипи Престиж Карина и Орлета. Погледнете ја галеријата од денешниот ден. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|