Натпреварите од шестото коло на ФФМ Детската фудбалска лига продолжуваат оваа сабота и недела (01/02.11.2014). Сите мечеви се играат на СРЦ Билјанини извори Охрид. Погледнете го распоредот на натпревари на екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ:
Викендов на СРЦ Билјанини извори во Охрид се одиграа натпреварите од петтото коло од ФММ Детската фудбалска лига. Ова коло имаше многу расположени стрелци од нашите екипи. Генерација 2002 играше возбудлив натпревар против ФК Ак. Пандев 10 Охрид во кој постигнаа три погодоци. За ФК Охрид Топ Тим стрелаа Мухамед Јахја – Шкор кој постигна еден погодок и Климент Гиноски кој постигна два погодоци. Генерација 2003 два пати беше прецизна против ФК Велешта со погодоците на Мухамед Јахја Шкор и Емре Мустафа. Расположениот за голови Мухамед Шкор постигна два гола и против ФК Еврофудбал во Генерација 2004. Најрасположени ова кола беа Генерација 2005 од каде дури четворица играчи се запишаа во листата на стрелци против ФК Фљамуртари и тоа: два пати Мухамед Сеидоски, Валентин Блажески, Михаил Лолески и Амар Садикоски. Сеидоски и Блажевски погодија и во Генерација 2006 на натпреварот против ФК АС Јунајтед. Погледнете ги резултатите од натпреварите од петтото коло
Петтото коло од ФФМ Детската лига ќе се игра овој викенд (25/26.10.2014) на главниот терен на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Екипите на ФК ОХРИД Топ Тим ќе играат по следниот распоред:
Екипите на ФК ОХРИД Топ Тим имаа успешни настапи во натпреварите од четвртото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Генерација 2002 и 2003 гостуваа во Дебар. Единствениот пораз ова кола го имаше Генерација 2002 во натпреварот со екипата на Еврофудбал, додека Генерација 2003 победи со службен резултат бидејќи екипата на ФК Ак. Пандев 10 не допатува во Дебар, по што нашите момци играа ревијален натпревар меѓу себе. Генерација 2005 и 2006 мечевите ги играа во Струга. Генерација 2005 играа цврст натпревар против првата екипа на ФК Ак. Пандев 10 од Охрид и откако не ги искористија укажаните шанси, натпреварот заврши без победник. Мора да се истакнат и одличните одбрани на нашиот голман Петар Пацески кој ги неутрализира сите напади на противничката екипа. Генерација 2006 играше одличен фудбал против екипата на ФК Еврофудбал и со четирите погодоци на Сеидоски Мухамед извојува убедлива победа. Гостувањето во Струга беше искористено за двата комбинирани состави од нашата екипа од генерации 2005/06/07 да одиграат и еден меѓусебен ревијален натпреар . Ова коло беа слободни екипите од генерација 2004 и 2007 Резултати од натпреварите во четвртото коло:
Четвртото коло од ФФМ Детската фудбалска лига ќе се игра во Дебар и Струга. Генерациите 2002 и 2003 од ФК Охрид Топ Тим ќе ги играат натпреварите во сабота на стадионот на ФК Кораб од Дебар, додека додека Генерациите 2005 и 2006 ќе играат во недела на стадионот на ФК Караорман од Струга. Овој викенд натпревари нема да играат Генерација 2004 и 2007. Погледнете го распоредот на натпревари на екипите на ФК ОХРИД Топ Тим за следното коло:
Уште еден спортски викенд во Охрид, каде на стадионот од ФК Еврофудбал се играа натпреварите од третото коло на ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим со три генерации играше против екипата на ФК Караорман од Струга. Нашите момци успеваа да погодат на сите три натпревари. Филип Митрески беше стрелец на погодокот во натпреварот од Генерација 2002 што заслужено го добија гостите со резултат од 1:5. Далеку понеизвесен натпревар играа фудбалерите од Генерација 2003. По водството на гостите од 0:1, стрелец за ФК ОХРИД Топ Тим беше Мухамед Јахја – Шкор кој изедначи на 1:1. Сепак, немавме среќа за комплетен пресврт и на крај „црвените“ победија со 1:3. Она што не успеаа да го направат „повозрасните“, го направи Генерација 2006 која убедливо го порази тимот на ФК Караорман со 0:4. Стрелец на сите погодоци за нашата екипа беше Мухамед Сеидоски, а со своите одбрани на нашиот гол забележителен настап имаше и Онур Бешир. Генерација 2005 го имаше првиот пораз во лигата од струшки „АС Јунајтед“, додека Генерација 2004 загуби од ФК Ак. Пандев 10 Охрид. Со истиот противник во ревијален натпревар повеќе од успешно се надигруваа и нашите најмалечки членови од Генерација 2007/08/09. Галерија - трето коло , ФФМ ДФЛ - ЈЗР, 11/12.10.2014Натпреварите од ФФМ Детската фудбалска лига продолжуваа наредниот викенд (11/12.10.2014). Домаќин на третото коло ќе биде ФК Еврофудбал 2 од Охрид, а натпреварите ќе се играат на нивниот терен кај Водовод Охрид. ФК ОХРИД Топ Тим ќе ги игра натпреварите по следниот распоред:
Спортот не’ учи да бидеме хумани и да ги почитуваме сите. Членовите на фудбалската школа на ФК ОХРИД Топ Тим денес на дело ја покажаа својата хуманост. Преку нивното учество на традиционалната хуманитарна и спортско - рекреативна акција „За посреќно детство“ што ја организираа општинската организација на Црвен крст Охрид и Општина Охрид нашиот клуб донираше скромни но значајни средства во хуманитарни цели. Младите имаа можност да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Се’ започна со големата трка од плоштадот кај чинарот па до платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ која на наше задоволство ја завршија сите деца од најмалите па се' до најголемите. Потоа, следеа натпреварите во возење велосипед, кошарка, бадминтон и фудбал на кои успешно учествуваа и нашите момци. Очекувано, најдобри бевме на фудбалските натпревари каде извојувавме три победи против останатите екипи. Голема благодарност до сите деца и родители што денеска беа во можност да присуствуваат и да бидат дел од овој хуманитарен настан со што дадоа свој придонес за посреќно детство на децата од социјално загрозените семејства. Според најавите, организаторите на овој настан обезбедија над 50 награди за учесниците. Талончината што ги добија децата кои учествуваа во натпреварите треба да се чуваат за извлекувањето на 18 октомври на ТВМ Телевизија. Главната награда ќе биде 7 дневно зимување на Златибор. Галерија 04.10.2014 - Хуманитарен настан „За посреќно детство“ФК ОХРИД Топ Тим ќе биде дел од низата активности со хуманитарен предзнак и општествено значење што на 4-ти октомври (сабота) ги организираат Црвен крст од Охрид и Општина Охрид. На традиционалната хуманитарна и спортско - рекреативна акција „За посреќно детство“, младите ќе ги презентираат своите спортски вештини и способности преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини. Најавени се голем број награди и изненадувања, како и бесплатни стоматолошки прегледи за посетителите и учесниците во оваа акција. Манифестацијата ќе се реализира на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и централно градско подрачје. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|