![]() Спортот не’ учи да бидеме хумани и да ги почитуваме сите. Членовите на фудбалската школа на ФК ОХРИД Топ Тим денес на дело ја покажаа својата хуманост. Преку нивното учество на традиционалната хуманитарна и спортско - рекреативна акција „За посреќно детство“ што ја организираа општинската организација на Црвен крст Охрид и Општина Охрид нашиот клуб донираше скромни но значајни средства во хуманитарни цели. Младите имаа можност да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Се’ започна со големата трка од плоштадот кај чинарот па до платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ која на наше задоволство ја завршија сите деца од најмалите па се' до најголемите. Потоа, следеа натпреварите во возење велосипед, кошарка, бадминтон и фудбал на кои успешно учествуваа и нашите момци. Очекувано, најдобри бевме на фудбалските натпревари каде извојувавме три победи против останатите екипи. Голема благодарност до сите деца и родители што денеска беа во можност да присуствуваат и да бидат дел од овој хуманитарен настан со што дадоа свој придонес за посреќно детство на децата од социјално загрозените семејства. Според најавите, организаторите на овој настан обезбедија над 50 награди за учесниците. Талончината што ги добија децата кои учествуваа во натпреварите треба да се чуваат за извлекувањето на 18 октомври на ТВМ Телевизија. Главната награда ќе биде 7 дневно зимување на Златибор. Галерија 04.10.2014 - Хуманитарен настан „За посреќно детство“ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|