ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

Комплетирана есенската полусезона во младинската и детската лига на ФФМ

27/11/2016

 
Picture
Подоцна од вообичаеното се комплетираа натпреварите од младинската и детската фудбалска лига на ФФМ. „Белите“ имаа еден заостанат меч од детската лига оваа полусезона и тоа од осмото коло со генерација 2006 против ФК Оск фер плеј. Следевме одличен натпревар во кој иако имавме добар дел од играта, сепак резултатски им припадна на „Жолтите“. Нашите не го започнаа најдобро мечот и по една грешка примивме гол по само пет секунди игра. Започнавме поангажирано да напаѓаме кон противничкиот гол и за кратко време изведовме три корни и беше досуден пенал во наша корист. Откако не ја искористивме шансата да ја неутрализираме предноста,  примивме уште два брзи погодоци од контра напад. Повторно заигравме поангажирано, создававме шанси и успеавме да го намалиме водството на 2:3, но по истекот на регуларните 25 минути од полувремето примивме два гола, од кој еден од пенал. Високото водство на противникот не ги обесхрабри нашите фудбалери кои продолжија да го напаѓаат провиничкиот гол и успеавме да ја стопиме нивната предност на само еден гол разилка. Тогаш, наместо да изедначиме, судијата досуди непостоечки корнер за противникот по еден нивен шут од центарот на игралиштето од кој успеаа да погодат и да ги постават конечните 4:6.

Со истиот противник игравме и во последното коло од есенскиот дел од младинската лига. Повторно гледавме добар натпревар во кој не ги искористивме нашите шанси и му дозволивме на противникот по две наши грешки во одбраната два пати да стрела во нашиот гол.

На крај, должиме благодарност до сите фудбалери што оваа полусезона ги бранеа боите на нашиот клуб и направија да се чувствуваме горди со нивното залагање, спортски дух и, џентлменски и другарски однос на теренот и надвор од него. Вистинско уживање е да се работи со овие момци и големо е задоволството да се следат нивните игри.

Победи за „Белите“ во младинската и детската лига на ФФМ

19/11/2016

 
Повторно гледавме одлични натпревари со многу голови и убедливи победи на ФК ОХРИД ТОП ТИМ во младинската и детската лига што ги организира ФФМ.

Во рамките на десеттото коло од регионалната младинска лига, денес бевме домаќини на струшки Влазними. Охриѓани, во една фуризона, сигурна и ефикасна игра буквално ги надиграа стружани и се реваншираа за ремито на гостинси терен на почетокот од сезоната. Уште во првиот дел имавме водство од 3:0, за во второто полувреме со уште 5 погодоци во гостинскиот гол стигнеме до конечни и убедливи 8:0.

Генерација 2006 играше првенствен натпревар од ФФМ Детската лига со охридски Еврофудбал 2 Вардар. Очекувано, повторно гледавме една доминатна игра на „Белите“ кои натпреварот го решија уште во првото полувреме кога три пати стрелавме во противничката мржа за убедливо водство од 3:0. Второто полувреме нашите фудбалери влегоа поопуштено во натпреварот, но без проблем го одржаа водството и го доведоа натпреварот до крај со сигурни и конечни 4:2.

Добар натпревар со струшки Караорман играше и генерација 2008 која пропушти низа прилики пред противничкиот гол и успеа само еднаш да ја затресе противничката мрежа. 

Охриѓани (2008) го надиграа кичевски Париз

13/11/2016

 
Временските услови овој викенд дозволија да одиграме само еден натпревар од ФФМ Детската фудбалска лига и тоа во генерација 2008. Противник на „Белите“ ова коло беше Париз од Кичево. Натпреварот се играше на теренот со вештачка трева во доста тешки временски услови. Сепак, тоа не ги обесхрабри нашите млади фудбалери да одиграат мошне добар натпревар во кој целосно доминираа над врсниците од Кичево. Охриѓани, по неколку пропуштени одлични прилики први го отворија резултатот. Повторно продолживме со добра игра, но по една наша грешка, гостите од својот единствен шут на мечот успеаа да го погодат нашиот гол. Тоа само дополнителни ги мотивира нашите фудбалери кои направија уште поголем притисок, по што со нов погодок во мрежата на кичевчани го вративме нашето водство. Второто полувреме продложивме со иста иницијатива и напади на противничкиот гол, и веројатно напреварот ќе завршеше со уште поуверлива победа доколку гостинската екипа не направеше неразбирлив потег и се повлече од натпреварот со бесмислени и неосновани обвинувања дека во нашата екипа настапуваат повозрасни играчи, при тоа не прифаќајки ја можноста што им ја даде координаторот на лигата уредно да се проверат играчите од двете екипи во комет системот на ФФМ.

Погледнете дел од натпреварот помеѓу ОХРИД ТОП ТИМ и Париз што директно се пренесуваше на нашата фејсбук страна.

Зошто ЛАЖЕ контролорот ЉУБИША АНГЕЛОВСКИ?

12/11/2016

 
Сабота – 12.11.2016. ФФМ Младинска лига, категорија – Петлиња. (играчи родени 2002 и помлади, н.з.). Дождливо и студено утро. Натпреварот помеѓу екипите на ФК Фљамуртари Радолишта (домаќин) и ФК ОХРИД ТОП ТИМ (гостин) е закажан на терен на СРЦ Билјанини извори. Екипата на ФК Фљамуртари претходниот ден не контактира дека има проблем да обезбеди терени за натпреварите па за овој натпревар го ангажирале игралиштето Водовод во Охрид (ова игралиште не е дел од СРЦ Билјанини извори н.з.). Иако ова игралиште не е влезено како терен во ФФМ затоа што не исполнува основни услови за првенствено натпреварување (соодветни стативи, димензии, соодветни соблекувални, кабини за екипи и сл.) сепак, нашиот клуб прифати да играме првенствен натпревар во закажаното место во закажаното време. Се разбира, кон таа одлука придонесе карактерот на натпреварувањето каде резултатите не играат позначајна улога во однос на користите што ги добиваат екипите, а трошоците за натпреварување за судии, делегати и картони ги сноси ФФМ. Дури и како такво натпреварување, истото создава дополнителни трошоци за екипите кои учествуваат (се плаќаат терени, доктори и други службени лица) но во интерес на фудбалот и децата, дел од екипите во регионот, сепак се одлучиле да се натпреваруваат.

Но, одредени лица ангажирани на различни функции во младинскиот фудбал, очигледно не го разбираат карактерот на натпреварувањето и не се грижат за фудбалот и интересот на клубовите, децата и родителите на тие деца. Своеволно создаваат правила, не почитувајќи ја притоа ФФМ, клубовите и младите фудбалери. Еден од тие лица е и АНГЕЛОВСКИ ЉУБИША контролор на мечот ФК Фљамуртари – ФК ОХРИД ТОП ТИМ кој бесрамно и безобзирно сокри неколку вистини и изнесе неколку лаги во записникот од натпреварот. Имено, за што станува збор.

Временските услови за одигрување на натпреварот денес беа исклучително лоши. Членот 53 од правилникот за натпревари вели дека органот за натпреварување треба да води сметка за временските услови во кои ќе се игра натпреварот. Нашиот клуб, заради исклучително лошите временски услови за игра (константен и пороен дожд, силен ветер, каллив и лизгав терен) побара од делегатот (контролорот) натпреварот да биде одложен, особено заради тоа што станува збор за 13-14 годишни деца. Членот 54 од правилникот за натпревари дозволува поместување на термините за натпревар доколку не е на штета на други заинтересирани клубови. Очекувано, нашето барање беше прифатено и од претставникот на домаќинот ФК Фламуртари. Но, тогаш на сцена со сета моќ што му ја дава фунцкијата делегат стапи АНГЕЛОВСКИ ЉУБИША кој кажа дека има идеални услови за игра (при тоа воден до гола кожа и постојано киснејќи на дожд) и дека ако не играме ќе запише во записник дека домашната екипа се повлекла од натпреварот (немајќи појма дека всушност ние сме гости на овој меч) и ќе го регистрира резултатот со 0:3 за Фљамуртари. Нејсе, иако заради лошото време бевме во искушение да не го играме мечот, сепак, заради заканите на делегатот одлучивме да се појавиме на терен со младите 13-14 годишни фудбалери со што ги изложивме на ризик да се разболат или да се здобијат со некоја повреда, за што како клуб преземаме секоја одговорност.

Тогаш, повторно се случи нешто неразбирливо. Првото полувреме од мечот заврши по истекот на 30тата минута наместо да се игра 40 минути како што е во правилникот на младинските натпреварувања. Откако побаравме објаснување зошто е скратено полувремето за цели 10 минути, главниот судија на мечот ни рече дека го скратил полувремето по барање на делегатот?!?!? Во ниту еден правилник не пишува дека контролорот (делегатот) може да одлучи колку ќе трае полувремето. Побаравме објаснување и од делегатот за таа одлука, а тој рече дека второто полувреме ќе се играло 60 минути?!?!? Реагиравме со забелешка дека ова негово своеволно однесување е неприфатливо и дека за истото ќе ги известиме надлежните органи и институции.

По само неколку минути од почетокот на второто полувреме, главниот судија, заради исклучително тешките временски услови за игра,, што може да се види и од приложеното видео, оправдано одлучи да го прекине натпреварот. Нашата екипа ја почитуваше оваа одлука и заедно со домаќините се повлековме од теренот.

Но, тука не заврши неразбирливото однесување на делегатот АНГЕЛОВСКИ, кој овој пат во просториите на ОФС Охрид почна да дава лажни искази при подготвување на записникот и забележа дека, цитираме: „Натпреварот се играше 45 минута кога главниот судија оствири крај и ме извести дека има лоши временски ( обилни врнеши ) услови. И по притисок на гостинската екипа натпреварот да се прекине. По мое видување на теренот немаше вода и мислам дека натпреварот имаше услови да се доигра. На помошното игралиште со вештачка трева се играше натпревар без проблеми.“ (цитираниот текст е земен изворно, поради тоа се јазичните грешки)

Проблематично е тоа што во записникот се избегнати неколку вистини а изнесени лаги.

Така, не стои дека натпреварот не се играше на СРЦ Билјанини извори туку на игралиште Водовод во Охрид. Немаше соодветни соблекувални и кабини за резервни играчи па нашите резервни фудбалери еден час „киснеа“ на обилните врнежи што може да се види и од видеото.

Никаде не наведе дека главниот судија на негово барање првото полувреме го скрати за цели 10 минути, па наместо 40 истото се играше 30 минути.

Безобразно ЛАЖЕ дека нашата екипа правела притисок натпреварот да се прекине. Откако излеговме на терен,  под тие услови кои беа, нам веќе не ни беше важно дали судијата ќе го прекине натпреварот. Дури и на видеото се гледа дека ниту еден претставник од нашата екипа во ниту еден момент не бара ништо од главниот судија кога тој одлучува да го прекине мечот.

Беозбразно и необјасниво ЛАЖЕ дека на другиот терен се играло натпревар. Во тоа време, на ниту еден друг терен на СРЦ Билјанини извори или игралиштето Водовод не се играше никаков натпревар. Нити првенствен, нити пријателски, нити пак некој друг имаше тренинг. Тоа може да се види и од приложеното видео а може да го потврдат и надлежните од СРЦ Билјанини извори.

Имаше и други наши забелешки како тоа дека во тимот на Фљамуртари имаше двајца играчи што играа со исти бројки на дресови (пример бр. 7) што делегатот ги игнорираше, но за тоа имаме какво такво разбирање со оглед на тоа што има и екипи кои се натпреваруваат без дресови, без бројки, па дури сме играле и на не обележани терени. Овој пат дури игравме и на играчиште што не е примено во ФФМ.

Навистина немаме рационално објаснување кои се мотивите на ЉУПЧО АНГЕЛЕВСКИ да сокрие одредени вистини и да ЛАЖЕ во записникот, но сепак, на ова негово однесување и целокупното случување нашиот клуб чувствува обврска јавно да реагира.

Искрено, не веруваме дека било кој ќе побара негова одговорност. Сепак,ние како клуб, се чувствуваме одговорни за растот и спортскиот развој на нашите фудбалери и чувствуваме одговорност пред нив и нивните родители, а сите вакви во најмала рака некоректни и своеволни однесувања јавно ќе ги обзнануваме со надеж дека некој од одговорните ќе има слух за сите овие неправилност во младинскиот фудбал.

Убедлива победа за охридските „Бели“ (ген. 2005) во новите Cuba Libre дресови

6/11/2016

 
Picture
Денес во некои генерации се комплетираа есенскиот дел од ФФМ Детската фудбалска лига. Повторно следевме возбудливи натпревари каде нашите понудија добра и атрактивна игра. Новите гарнитури дресови кои за нашиот клуб ги обезбеди барот Куба Либре од Охрид донесоа среќа за фудбалерите од генерација 2005 и 2004 кои одиграа мошне добри и ефикасни мечеви.

Генеација 2005 одигра одличен натпревар со ФК Кораб од Дебар. Охриѓани доминираа во текот на целиот натпревар и не му дадоа можност на противникот да создава многу прилики, па на крај остваривме убедлива победа од 9:3.

Добар меч одигра и фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од  генеација 2004 која испушти водство за победа со ФК Оск фер плеј од Охрид, па на крај мечот заврши без победник 3:3.

Натпревари играа и дел од помладите генерации. Мошне ефикасен меч играа генерација 2007 кои иако имаа одлично водство со повеќе голови разлика и дури шест пати стрелаа во мрежата на противникот, сепак на крајот не успеаа да го добијат натпреварот. Генерација 2008 ова коло одигра под своето ниво и загуби од радолишки Фљамуртари.

Честитки и благодарност за сите фудбалери кои ги бранеа боите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ

ФФМ Младинска лига: Охриѓани подобри од Кораб

5/11/2016

Comments

 
Picture
Денес се одигра осмото коло од ФФМ Младинската фудбалска лига за генерација 2002. Иако првиот циклус на натпреварување заврши минатата недела, сепак, членови на младинската комисија не инфромираа дека натпреварувањето ќе се игра трокружно, што беше сосема нова информација за нас. Се разбира, нашиот клуб е навикнат на вакви ненајавени промени во лигата бидејќи и претходно откако беа формирани региони и одредени натпреварувачките двојки за оваа сезона, лица ангажирани во младинскиот фудбал на ФФМ одлучија дека треба да го одложат натпреварувањето и да формираат нови региони и да направат распоред по желба, без јавно ждребање.

Па така, ова коло, бевме домаќини на ФК Кораб од Дебар. Натпреварот се играше на теренот со вештачка треа на СРЦ Билјанини извори во Охрид.. Во една максимално коректна атмосфера двете екипи понудија одличен фудбал со многу шанси и постигнати голови. „Белите“ беа подобар противник и играа атраткивен и борбен фудбал, што на крај резултираше со убедлив триумф од 6:2.

Првото полувреме го отворивме со напади кон противничкиот гол. Најпрво, Алек Иваноски во една наша акција ја погоди пречката на гостинскиот гол, а подоцна, Енис Дани, на асистенција на Мухамед Јахја, постигна убав погодок за наше водство. Нашиот продолжија со притисок на гостинскиот гол, но наместо да го зголемиме водството, по две противнички контри, дебрани успеаа да го свртат резултатот и да поведат со 1:2. Нивноото водство траше кратко, откако по уште една добра акција, Стефан Крстески израмни на 2:2 и со тој резултат се отиде на полувреме.

Вториот дел повторно го започнавме со наша иницијатива и повторно со погодоците на Енис Дани и Мухамед Јахја дојдовме до поубедливо водство од 4:2. Следеше мало опуштање и пад во нашата игра, по кое гостите создадоа две добри шанси, но гоманот Николче Целески беше на висината на задачата и ги неутрализира ударите на нашиот гол. Нашите потоа повторно преззедоа иницијатива и со двата нови погодици на Дани беше постигнат конечниот резултат од 6 : 2.

Честитки за нашите момци за одличниот фудбал и залагањето на овој натпревар.

ФК ОХРИД ТОП ТИМ 
Охрид
6 : 2
(2 : 2)
ФК КОРАБ
​Дебар
1  Целески Николче
2  Мустафа Емре
3  Ѓоргиевски Филип
4  Дуница Емре
5  Иваноски Алек
6  Јахја Мухаммед (1 гол)
8  Крстески Стефан (1 гол)
9  Мирчевски Андреј
10 Алијашар Екрем
11 Дани Енис (4 гола)
17 Речкоски Теодор
15 Вељаноски Филип
СРЦ Билјанини извори Охрид
Вештачка трева

Судии:
Спироски Љупчо (Охрид) Ванкоски Михајло (Охрид) Петревски Горан (Струга)

Делгат:
Павловски Слободан (Охрид)

1  Амети Едуард
3  Егриу Али
5  Јани Енѓел
6  Љата Бесјан
7  Кадриоски Анес
8  Франгу Мунир
9  Папранику Јетмир
10  Марке Скендер
11  Трапи Адис
14  Јајага Ербљин
18  Иметовски Сејфула
Comments

Пекара „WAKE & BAKE“ и „LABINO SOUND“ со подарок маички за тренинг за фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ

4/11/2016

Comments

 
Picture
Picture
Picture
Уште два реномирани стопански субјекти дел од тимот на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Овој пат, „Wake & Bake“ и „Labino Sound“ ги помогнаа нашиот клуб обезбедувајќи маички за тренинг кои се поделија на членовите на нашиот клуб.

Пекарата „Wake & Bake“ која се наоѓа на малиот плоштад кај музичкото училиште во Охрид и претходно го помагала нашиот клуб обезбедувајќи бесплатни сендвичи на некои од гостувањата и на дел од генерациите кои се натпреваруваат во лигите на ФФМ. Исто така, тие беа помагатели и на младинскиот фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ што секоја година традиционална го организира нашиот клуб. Овој пат, тие одлучија дополнително да го продлабочат партнерскиот однос што го имаат со нашиот клуб и да подарат брендирани тренинг маички со логото на клубот и на компанијата на нашите фудбалери.

„Labino Sound“ е една од најпознатите компании за аудиовизуелна опрема во Македонија, која исто така се покажа како добар пријател на младите и спортот во Охрид. Нивната поддршка за нашиот клуб преку спортска опрема – маички за тренинг, дава дополнителни мотиви за уште подобра и поуспешна работа на сите членови во нашиот клуб.

​Должиме искрена и голема благодарност до овие две компании во името на сите наши фудбалери и се надеваме дека нивната успешна работа и во иднина ќе ја крунисуваат со нивната грижа за најмладите.
Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.