Повторно гледавме одлични натпревари со многу голови и убедливи победи на ФК ОХРИД ТОП ТИМ во младинската и детската лига што ги организира ФФМ.
Во рамките на десеттото коло од регионалната младинска лига, денес бевме домаќини на струшки Влазними. Охриѓани, во една фуризона, сигурна и ефикасна игра буквално ги надиграа стружани и се реваншираа за ремито на гостинси терен на почетокот од сезоната. Уште во првиот дел имавме водство од 3:0, за во второто полувреме со уште 5 погодоци во гостинскиот гол стигнеме до конечни и убедливи 8:0. Генерација 2006 играше првенствен натпревар од ФФМ Детската лига со охридски Еврофудбал 2 Вардар. Очекувано, повторно гледавме една доминатна игра на „Белите“ кои натпреварот го решија уште во првото полувреме кога три пати стрелавме во противничката мржа за убедливо водство од 3:0. Второто полувреме нашите фудбалери влегоа поопуштено во натпреварот, но без проблем го одржаа водството и го доведоа натпреварот до крај со сигурни и конечни 4:2. Добар натпревар со струшки Караорман играше и генерација 2008 која пропушти низа прилики пред противничкиот гол и успеа само еднаш да ја затресе противничката мрежа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|