ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

Hajaвa: Hoво дружење co нашите другари од Битола

28/11/2014

Comments

 
Picture
ФК ОХРИД ТОП ТИМ повторно ќе гостува во Битола со нашите најмали генерации 2005 / 2006 / 2007 и помлади. Наши домаќини ќе бидат екипата на „ЛГ“ од Битола што секако гарантира убав помин и добри фудбалски претстави. Пријателските натпревари со врсниците од Битола ќе се играат во спортска сала во недела (30.11.2014) со почеток во 10.00 часот.

Comments

Уcпешно гостување во Cкопје

23/11/2014

Comments

 
Picture
Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ денес беше гостин на актуелниот македонски шампион, екипата на ФК РАБОТНИЧКИ Скопје каде играше пријателски натпревари со Генерација 2002 и Генерација 2004.

Помладите од Генерација 2004 одиграа мини турнир со врсниците од скопски „Работнички“ и ФШ „Реканци“ од Маврово и Ростуше. Нашите момци изиграа два добри натпревари и извојуваа две сигурни победи со следните резултати:

ОХРИД – Работнички
ОХРИД – Реканци
Работнички - Реканци
5:0 (Стрелци: А.Трпоски, М.Јахја, Ј.Ариф, Н.Кречов, Х.Ибрахим)
1:0 (Стрелец: Н. Кречов)
4:0 (Стрелци: / )
За ФК ОХРИД ТОП ТИМ настапија: Иво Спироски, Александар Трпоски,, Филип Филипоски, Стефан Палитов, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Халил Ибрахим, Никола Кречов, Кадир Ибрахим.

Генерација 2002 од ФК ОХРИД Топ Тим одиграа пријателски натпревар со пионерската екипа на ФШ Реканци како предигра на натпреварот со врсниците од ФК Работнички.

Во идеални услови за игра гледавме супер возбудлив скопско – охридски фудбалски дуел. Работнички напаѓаше во првото полувреме, но ние успешно одолевавме на нивната напаѓачка игра, пред се со сигурните интервенции на нашите голмани и со фантастичната интервенција на Стивен Митрески кој во еден момент успеа да ја избие токата од нашата гол линија и да спаси сигурен гол. Во второто полувреме гледавме сосема поинаква игра на охриѓани. Далеку посигурна и поопасна игра на нашите која резултираше со дури три стативи и повеќе шанси за гол. Убавата игра беше наградена со два погодоци кои ги постигна Климент Гиноски и кои беа доволни за уште една убава победа.

ФК ОХРИД Топ Тим Охрид – ФК РАБОТНИЧКИ Скопје  2:0 (Стрелец: К. Гиноски – 2 гола)

ЗА ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Николче Целески, Бледар Иштрефи, Емре Дуница, Томи Ниолоски, Стивен Митрески, Христијан Јачимоски, Петар Љушкоски, Климент Гиноски, Филип Митрески, Христијан Китрозоски, Мухамед Јахја Шкор и Климент Филев.

Голема благодарност до сите од ФК РАБОТНИЧКИ кои се погрижија да имаме убав ден во Скопје, за нивното гостопримство и прекрасните услови за играа. Благодарност за нивната максимално фер и коректна игра со која овозможија сите присутни на нивниот тренинг комплекс да уживаат во убав фудбал.

Галерија - 23.11.2014, Скопје: ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК РАБОТНИЧКИ

Comments

Најава: ФК РАБОТНИЧКИ Скопје - ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид

20/11/2014

Comments

 
Picture
Оваа недела, екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ ќе биде гостин на нашите добри пријатели, екипата на ФК РАБОТНИЧКИ од Скопје. Договорени се пријателски натпревари со домаќинот во две возрасни категории - Генерација 2002 и Генерација 2004.
Место: Тренинг комплекс на ФК Работнички - Градски парк Скопје.
Време: 23.11.2014 (недела) во 12 часот.

Comments

Комплетиран еceнскиот дел од ФФМ Детската фудбалска лига

16/11/2014

Comments

 
Есенскиот дел од ФФМ Детската фудбалска лига заврши овој викенд со одигрување на натпреварите од осмото и деветтото коло. Генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ имаше успешен викенд и оствари два позитивни резултати на крајот од натпреварувањето:
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Академија Пандев 10 Б
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј В
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј Б
3:0
5:3
2:3
Ако направиме резиме од натпреварите од есенскиот дел, може со големо задоволство да истакнеме дека момците од ФК ОХРИД ТОП ТИМ одлично се преставија во премиерното учество во Детската фудбалска лига што ја организира Фудбалската федерација на Македонија. Иако постоиме помалку од шест месеци, во лигата учествуваме со 5 генерации што не прави еден од клубовите со најмногу пријавени екипи во лигата. Игравме натпревари со многу поискусни екипи од нашиот регион кои понекогаш настапуваа без поголем респект кон нашата екипа, но сепак „машки“ и спортски издржавме и се однесувавме во сите победи и порази, покажувајќи дека можеме да играме фудбал со секого. Она што најмногу не радува е тоа што момците од нашата екипа растат од натпревар во натпревар и во сите генерации во кои се натпреваруваат ги задржаа шансите за учество на регионалниот завршен турнир.

Генерација 2002 издвојува две победи и освои шест бода и е на само бод помалку од место што води на завршниот турнир. Во есенскиот дел за оваа генерација играа: Целески Николче, Митрески Стивен, Дуница Емре, Гиноски Климент, Митрески Филип, Китрозоски Христијан, Николоски Томи, Љушкоски Петар, Мустафа Емре, Максуд Тарик, Трпоски Александар и Јахја Мухамед.

Генерација 2003 со две победи и еден нерешен резултат заостанува четири бода од место што води на завршен турнир. Во досегашните натпревари во оваа генерација играа: Николоски Томи, Љушкоски Петар, Мустафа Емре, Максуд Тарик, Трпоски Александар, Јахја Мухамед, Крлески Марко, Филиповски Филип и Спироски Иво.

Генерација 2004 исто така издвојува две победи и еден нерешен резултат, а за оваа Генерација во есенскиот дел од лигата играа: Спироски Иво, Трпоски Александар, Јахја Мухамед, Крлески Марко, Филиповски Филип, Палитов Стефан, Хусеин Јусуф, Пацески Петар и Садикоски Амар.

Генерација 2005 со три победи и еден нерешен резултат заостанува само два бода од место што води на завршниот регионален турнир. Во есенскиот дел во оваа генерација настапија: Палитов Стефан, Хусеин Јусуф, Пацески Петар, Садикоски Амар, Лолески Михаил, Саидоски Мухамед, Блажески Валентин, Крлевски Петар и Шопоски Лео.

Најуспешен настап во лигата имаа Генерација 2006 кои со три победи и еден нерешен натпревар се само на два бода од првото место во лигата и имаат речиси сигурен пласман на завршниот турнир. Во оваа генерација играа Лолески Михаил, Саидоски Мухамед, Блажески Валентин, Крлевски Петар, Шопоски Лео, Чекреџи Борис, Размоски Дамјан, Мајкиќ Мартин, Бешир Онур и Јахја Џан.

Тука се и нашите најмали фудбалерчиња кои одиграа неколку ревијални натпревари во лигата во Генерација 2007 и помлади и кои најмногу им се радуваа на головите, а тоа се: Размоски Дамјан, Мајкиќ Мартин, Бешир Онур, Јахја Џан, Николоски Матеј, Иваноски Јован, Мајкиќ Андреј и Ристески Јован.

Голема благодарност до сите овие момци и нивните родители што се дел од нашиот клуб. Им честитаме на нивната желба за играње фудбал и за нивното максимално залагање од почетокот до крајот на есенскиот дел на лигата, почитта и спортскиот однос што го имаат на секој натпревар кон другарчињата од својата и од другите екипи и се разбира за спортските вештини со кои постојано не' восхитуваат и радуваат.

Галерија, 8 и 9 коло 15/16.11.2014, Охрид

Comments

Hajaва - осмо и деветто коло ФФМ Детска лига

13/11/2014

Comments

 
Натпреварите од есенскиот дел на ФФМ Детската фудбалска лига за ФК ОХРИД ТОП ТИМ завршуваат овој викенд. Генерација 2004 ќе изигра уште три натпревари на помошниот терен на СРЦ Билјанини извори по следниот распоред;
15.11.2014 (сабота)
15.11.2014 (сабота)
16.11.2014 (недела)
10.00 часот
12.00 часот
11.00 часот
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Академија Пандев 10 Б
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј В
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј Б
Останатите генерации ги завршија натпреварите од есенскиот дел заклучно со седмото коло на ФФМ Детската лига
Comments

Зaврши седмото коло од ФФM Детската лига

9/11/2014

Comments

 
Picture
Овој викенд, на теренот на Караорман во Струга, се изигра и седмото, последно коло од есенскиот дел за повеќето генерации од ФФМ Детската фудбалска лига. Највозбудлливиот натпревар ова коло од екипита на ФК Охрид Топ Тим го изигра генерација 2004 која испушти сигурна победа против струшки АС Јунајтед, буквално во последните секунди од натпреварот. Нашата екипа имаше постојано водство во текот на целиот меч кое пред самиот крај. со двата погодоци на Мухамед Јахја Шкор и еден на Марко Крлески изнесуваше 3:1. Сепак, нашата неефикасност и неискористените шанси од петте скратени корнери што ги изведовме, беше казнета од противникот кој успеа да изедначи, па двете екипи на крајот ги поделија бодовите. Генерација 2003 изигра еден од послабите натпревари во есенскиот дел против ФК Еврофудбал Охрид кој противникот заслужено го доби со високи 6:0. Генерација 2005, иако без двајца стандардни играчи, изигра добар натпревар против истиот противник. Примениот гол по една наша грешка не ги обесхрабри нашите момци кои успеаа да направат добра акција по која Валентин Блажески стрелаше за изедначување. Клучен момент на натпреварот беше неправедно досудениот пенал против нашата екипа во второто полувреме кој противниците го искористија за на крај да го добијат натпреварот со резултат 1:3. До крајот на Детската лига остануваат уште три натпревари што во последното коло треба да ги играат момците од генерација 2004.

Галерија - 7 коло Детска лига, 08.11.2014, Струга

Comments

Cлужбена посета на Куќата на фудбалот

7/11/2014

Comments

 
Picture
Раководството на ФК ОХРИД ТОП ТИМ денес имаше службена посета на ФФМ во „Куќата на фудбалот“, Скопје. Беше остварена средба со претседателот на ФФМ, г-н Илчо Ѓорѓиоски со кого се разговараше за можностите за развојот на детскиот фудбал во Македонија. Потоа беа остварени средби со Грасрут менаџерот и Секретарот на фудбалската репрезентација на Македонија г-н Бојан Маркоски, Претседателот на Комисијата за детски фудбал при ФФМ г-н Иле Стефаноски и Координаторот на скопскиот регион од ФФМ Детската лига г-н Виктор Палоски со кои се разменија искуства од досегашниот тек на Детската фудбалска лига.
Престојот во Скопје беше искористен и да се посети тренинг центарот на ФК Работнички од Скопје каде со генералниот секретар на клубот г-н Ненад Монев беа договорени неколку пријателски натпревари во различни возрасни категории помеѓу екипите на ФК Работнички и ФК Охрид Топ Тим.

Comments

Hajaвa: 7 koлo ФФМ Детска лига

6/11/2014

Comments

 
Распоред на натпревари на екипите на ФК Охрид Топ Тим во седмото коло од ФФМ Детската фудбалска лига што ќе се игра во Струга на теренот на ФК Караорман:
08.11.14 (сабота)
08.11.14 (сабота)
08.11.14 (сабота)
09.00 часот
10.30 часот
11.40 часот
Ген. 2004: ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК АС Јунајтед
Ген. 2005: ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Еврофудбал
Ген. 2003: ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Еврофудбал
Генерација 2002 и 2006 ги завршија лигашките натпревари во есенскиот дел
Comments

Kомплетирани резултатите од 6 koло на ФФМ Детската лига

2/11/2014

Comments

 
Заврши шестото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Во официјалниот дел од натпреварувањето, екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ ги постигнаа следните резултати:
Ген. 2002: ФК Охрид Топ Тим - ФК Велешта
Ген. 2003: ФК Охрид Топ Тим - ФК Фљамуртари
Ген. 2004: ФК Охрид Топ Тим - ФК Фљамуртари
Ген. 2005: ФК Охрид Топ Тим - ФК Оск Фер Плеј А
3:0
3:0
0:3
0:9
Во неофицијалниот дел од наптреварувањето, екипата на ФК Охрид Топ Тим од генерација 2007 и помлади одигра ревијален натпревар против ФК Академија Пандев 10. За нашата екипа стрелаа Мајкиќ Мартин (2 гола) и Јахја Џан. 

Галерија 6  коло, СРЦ Билјанини извори (01/0.11.2014)

Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.