Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ денес беше гостин на актуелниот македонски шампион, екипата на ФК РАБОТНИЧКИ Скопје каде играше пријателски натпревари со Генерација 2002 и Генерација 2004. Помладите од Генерација 2004 одиграа мини турнир со врсниците од скопски „Работнички“ и ФШ „Реканци“ од Маврово и Ростуше. Нашите момци изиграа два добри натпревари и извојуваа две сигурни победи со следните резултати:
За ФК ОХРИД ТОП ТИМ настапија: Иво Спироски, Александар Трпоски,, Филип Филипоски, Стефан Палитов, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Халил Ибрахим, Никола Кречов, Кадир Ибрахим. Генерација 2002 од ФК ОХРИД Топ Тим одиграа пријателски натпревар со пионерската екипа на ФШ Реканци како предигра на натпреварот со врсниците од ФК Работнички. Во идеални услови за игра гледавме супер возбудлив скопско – охридски фудбалски дуел. Работнички напаѓаше во првото полувреме, но ние успешно одолевавме на нивната напаѓачка игра, пред се со сигурните интервенции на нашите голмани и со фантастичната интервенција на Стивен Митрески кој во еден момент успеа да ја избие токата од нашата гол линија и да спаси сигурен гол. Во второто полувреме гледавме сосема поинаква игра на охриѓани. Далеку посигурна и поопасна игра на нашите која резултираше со дури три стативи и повеќе шанси за гол. Убавата игра беше наградена со два погодоци кои ги постигна Климент Гиноски и кои беа доволни за уште една убава победа. ФК ОХРИД Топ Тим Охрид – ФК РАБОТНИЧКИ Скопје 2:0 (Стрелец: К. Гиноски – 2 гола) ЗА ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Николче Целески, Бледар Иштрефи, Емре Дуница, Томи Ниолоски, Стивен Митрески, Христијан Јачимоски, Петар Љушкоски, Климент Гиноски, Филип Митрески, Христијан Китрозоски, Мухамед Јахја Шкор и Климент Филев. Голема благодарност до сите од ФК РАБОТНИЧКИ кои се погрижија да имаме убав ден во Скопје, за нивното гостопримство и прекрасните услови за играа. Благодарност за нивната максимално фер и коректна игра со која овозможија сите присутни на нивниот тренинг комплекс да уживаат во убав фудбал. Галерија - 23.11.2014, Скопје: ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК РАБОТНИЧКИ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|