Викендов започнаа натпреварите од пролетниот дел од ФФМ детската лига. „Белите“ имаа одличен почеток и постигнаа близу 30 погодоци на 5 натпревари. Најефикасни беа ген. 2006 кои го декласираа струшки Караорман во „Езерското дерби“ со 16:1. Висока победа забележа и ген. 2007 која со 7:0 ја совлада Велешта, а со 4 погодоци во противничкиот гол и два примени ген. 2010 го совлада радолишки Фљамуртари. Сигурно предност од 2 гола пропушти ген. 2008 во натпреварот со кичевски Париз кој заврши 2:3, а ген. 2009 загуби од охридски Евро фудбал 2 Вардар. Честитки за сите фудбалери што овој викенд ги бранеа боите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|