Утрово, на СРЦ Билјанини извори во Охрид „Белите“ одиграа пријателски натпревар со охридски Евро фудбал 2 Вардар. Присутните имаа можност да проследат мошне необичен натпревар во кој нашите фудбалери доминираа и имаа целосна контрола врз играта, но вардарци ја искористија опуштеноста во одбраната и нашите грешки и успеаа дури 3 пати да го погодат нашиот гол. „Белите“ создадоа голем број изгледни прилики од кои успешно искористија само една. Неефикасноста не чинеше пораз, но она што не радува е што фудбалски го надигравме противникот и не им оставивме многу простор да играат со топка. Честитки за сите фудбалери, а делови од натпреварот можете да погледнете од галеријата со слики.
Охриѓани денес гостуваа во Битола каде одиграа неколку пријателски натпревари со нашите другари од битолски ЛГ. Одличните услови за игра само дополнително го подигнаа расположението кај младите фудбалери кои играа мошне ефикасни и атрактивни натпревари во кои уживаа сите присутни на теренот со вештачка трева во Битола. Беа постигнати следните резултати:
Ген. 2002 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 4:0 Ген. 2004 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 5:8 Ген. 2006 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 1:1 Ген. 2007 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 2:3 Благодарност до нашите пријатели од Битола затоа што одвоија време да се дружат со нас и честитки за сите наши фудбалерчиња што беа дел од ова убаво патување. Уште едно признание за „Белите“ (2006) на меѓународниот фудбалски турнир Караорман Певалиит куп 20164/7/2016 ![]() Нашите фудбалери не’ навикнаа на пехари и медали. Овој пат, иако настапивме само со една генерација на Караорман Певалит куп што се играше од 01 до 03 јули во Струга, повторно стигнавме до нов пехар и бронзен медал. Во натпреварите по групи нашите фудбалери го надиграа битолски „Талент“ совладувајќи го убедливо со 5:1, за во еден одличен натпревар, минимално со 1:2 да загубат од ФК Скендербег Корча, Р. Албанија за која настапија неколку повозрасни играчи кои настапуваа и во неколку генерации поголеми играчи. Тоа директно влијаеше на конечниот пласман, па нашите наместо во полуфинале, играа во четврфиналето на турнирот. Четврфиналниот натпревар го игравме против Марино Скопје и во една сигурна но неефикасна игра, го добивме противникот со конечни 1:0, што значеше пласман во полуфинале. На патот до финалето се сретнавме со екипата на Академија Постолов Пандев која се натпреваруваше без идентификации и легитимации за играчите, што беше спротивно на правилникот за натпревари на организаторот. Сепак, иако неправедно, по барање на организаторот одлучивме да го одиграме натпреварот кој на крај го загубивме со 0:5. На крај, без разлика што по играта и коректното однесување веројатно заслуживме финале, игравме натпревар за трето место против Скендербег Корча за која овој пат не настапија дел од ограчите што играа на првиот натпревар и натпреварот го добивме со 1:0. Тоа беше доволно за освојување на бронзениот медал на турнирот. Честитки за сите фудбалерчина што безрезервно, достоинствено и чесно ги бранеа боите на Охрид и им благодариме за нивното спортско и коректно однесување во текот и надвор од натпреварите. Третото издание на Караорман Певалит куп 2016 донесе одредени организациски пропусти со кои се прекрши правилникот на натпревари на турнирот и се играше надвор од духот на фер плејот и коректната игра, но веруваме дека организаторот ќе ги надмине сите негативности за наредното издание на турнирот. Погледнете ја галеријата со слики. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|