Охриѓани денес гостуваа во Битола каде одиграа неколку пријателски натпревари со нашите другари од битолски ЛГ. Одличните услови за игра само дополнително го подигнаа расположението кај младите фудбалери кои играа мошне ефикасни и атрактивни натпревари во кои уживаа сите присутни на теренот со вештачка трева во Битола. Беа постигнати следните резултати:
Ген. 2002 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 4:0 Ген. 2004 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 5:8 Ген. 2006 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 1:1 Ген. 2007 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК ЛГ 2:3 Благодарност до нашите пријатели од Битола затоа што одвоија време да се дружат со нас и честитки за сите наши фудбалерчиња што беа дел од ова убаво патување. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|