ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

Викенд првенствени и пријателски натпревари

24/4/2016

Comments

 
Викендов се играше шестото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Лошите временски услови не ги спречија нашите фудбалерчина да се надигруваат со нивните врсници од другите екипи. Иако резултатски можеше да поминеме и многу подобро, сепак гледавме добри натпревари во кои не бевме доволно ефикасни. Двете екипи од генерација 2005 беа совладани од екипите на Фљамуртари и Кораб со 3:7 и 2:5. Генерација 2006 изигра 1:4 со Караорман, а генерација 2007 0:1 со Евро фудбал 2 Вардар.
Неизвесни пријателски натпревари о радолишки Фљамуртари играа и повозрасните од ген. 2002 и 2004 кои минимални ги загувиме со 1:3 и 1:2. Добар натпревар играа и најмалите (2008) со охридски Вардар, кои играа сигурно и стрелаа три пати за конечни 3:3.
Comments

Петто коло ФФМ Детска лига: „Белите“ (У-14) подобри од Оск Фер Плеј

18/4/2016

Comments

 
Picture
Домаќин на натпреварите од петтото пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига беше струшки АС Јунајтед а мечевите се играа на теренот Караорман во Струга. ФК ОХРИД ТОП ТИМ играше со четири генерации во ова кола. Најмладите, генерација 2007, играа со радолишки Фљамуртари, а генерација 2006 играше со домаќинот АС Јунајтед. Двете екипи минимално ги загубија натпреварите, 0:2 и 2:3, но она што не радува е одличната претстава на нашите која ветува многу пред фајнл фор турнирот на кој овие две генерации сигурно ќе играат.

Лош спортски ден имаше А тимот во генерација 2005 кој беше играчки преполовен и за кој играа и неколку играчи од генерација 2007. Тоа го искористи екипата на Караорман која високо ги порази нашите момци, но и покрај тоа, нашите еднаш стрелаа во мрежата на противникот а при тоа создадоа и неколку стопостотни шанси кои не ги реализиравме. Треба да се спомене и дека екипата на Караорман, спротивно на своето реноме, играше надвор од рамките на коректноста, фер плејот и правилата на ФФМ и во игра уфрлаше постари играчи, родени 2004 година, што исто така директно се одрази на резултатот.

​Сета пофалба ова коло ја заслужуваат момите од генерација 2002 кои одиграа одличен меч со охридски Оск Фер Плеј. „Белите“ покажаа карактер во еден борбен и цврст натпревар и дури и со играч помалку се реваншираа на „Жолтите“ за поразите во езерскиот дел, совладувајќи ги со 4:3. Со овој резултат, нашите остануваат игра за место што води на фајнл фор турнирот.

Comments

Одиграно некомплетно IV коло од ФФМ Детската лига

10/4/2016

Comments

 
Овој викенд се играа натпреварите од четвртото пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Единствено генерација 2002 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ играше натпреварувачки натпревар во ова коло додека дел од екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа ревијални и пријателски натпревари а дел имаа одложени натпревари. У-14 екипата играше со нивните врсници од Велешта на теренот Водовод во Охрид во лоши временски услови во кои подобро се снајдоа гостите. Белите иако постигнаа 3 одлични погодоци, сепак изразита беше неефикасната наша игра и лошата игра во одбраната што резултираше со конечни 3:7. Ревијален натпревар одигра генерација 2004 со тим на играчи составени од поранешна Академија Пандев 10 од Охрид. Иако ослабени со неиграње на неколку стандардни играчи, нашите одиграа одлично и постигнаа 3 погодоци во натпреварот кој заврши со резултат 3:4. Посебна пофалба заслужуваат момците од генерација 2008 кои некомплетни постигнаа три погодоци против врсниците од ФК Оск Фер Плеј.
Comments

ОХРИД ТОП ТИМ без пораз во натпреварите од третото пролетно коло од ФФМ Детската фудбалска лига

3/4/2016

Comments

 
Picture
„Белите“ одиграа неколку одлични натпревари во третото пролетно коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Натпреварите се играа во два дена во текот на викендов на теренот на ФК Караорман во Струга. Првиот ден се играа два лесни и релаксирани натпревари каде нашите фудбалери беа исклучително расположени за постигнување на голови. Генерација 2004, очекувано, без поголем напор, лесно и со голем број погодоци ја совлада Академија ИГМ. Двете екипи на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од генерација 2005 играа меѓусебен натпревар кој помина во една исклучително релаксирана атмосфера и без поголема натпреварувачка тензија. Момците од двата тима играа како на „тренинг“ и постигнаа поголем број на погодоци со што значително ги зголемија шансите за пласман на едно од местата што водат на фајнл фор турнирот.
​
Денес се играа натпреварите во генерација 2006. „Белите“ одигра мошне добар натпревар против Академија Пандев 10 од Охрид. Иако доминиравме во текот на целиот натпревар, нашите успеаја само два пати да ја погодат противничката мрежа за конечни 2:2. Генерација 2002 одигра против радолишки Фљамуртари во меч во кој повторно не успеавме да реализираме неколку изгледни ситуации, а воедно промашивме и ситуација „скратен корнер“. На крај, натпреварот заврши со резултат 0:0.

Натпреварот во генерација 2007 од ова коло, што ОХРИД ТОП ТИМ требаше да ги игра со Евро фудбал 2 Вардар е одложен, а терминот за одигрување дополнително ќе биде закажан.

Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.