Овој викенд се играа натпреварите од четвртото пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Единствено генерација 2002 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ играше натпреварувачки натпревар во ова коло додека дел од екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа ревијални и пријателски натпревари а дел имаа одложени натпревари. У-14 екипата играше со нивните врсници од Велешта на теренот Водовод во Охрид во лоши временски услови во кои подобро се снајдоа гостите. Белите иако постигнаа 3 одлични погодоци, сепак изразита беше неефикасната наша игра и лошата игра во одбраната што резултираше со конечни 3:7. Ревијален натпревар одигра генерација 2004 со тим на играчи составени од поранешна Академија Пандев 10 од Охрид. Иако ослабени со неиграње на неколку стандардни играчи, нашите одиграа одлично и постигнаа 3 погодоци во натпреварот кој заврши со резултат 3:4. Посебна пофалба заслужуваат момците од генерација 2008 кои некомплетни постигнаа три погодоци против врсниците од ФК Оск Фер Плеј.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|