Фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ имаа целодневно спротско патување во Скопје. Полн автобус млади расположени лица гостуваа кај нашите другари од скопски Њу Старс со кои одигравме неколку одлични пријателски натпревари. Фудбалерите на двете екипи ги демонстрираа своите фудбалски вештини пред присутните на стадионот и одиграа мошне ефикасни и атрактивни меча во повеќе возрасни категории. Охриѓани ги добија натпреварите во ген. 2004 и 2006, додека скопјани беа поефикасни во ген. 2002 и 2005. Сите натпревари се играа во исклучително пријателска и мошне релаксирана атмосфера. По натпреварите, со нашите фудбалери имавме заслужен заеднички ручек во еден од рестораните во Градски парк Скопје, за на крај опуштено да се дружиме во Скопје Сити Мол. Должиме благодарност кон нашите пријатели од Њу Старс Скопје кои секогаш се одлични домаќини и расположени за убаво дружење со нас. Со нетрпение го очекуваме новото дружење со нив на нашиот фудбалски турнир. Прво искуство на младите фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ на финалниот турнир на ФФМ Детската фудбалска лига. „Белите“ (ген. 2007) како вицешампиони во југозападниот регион се пласираа на завршницата од лигата и имаа можност да се надигруваат со шампионите од другите региони во разигрувањето за првак на Македонија. Ждрепката не им беше наклонета на нашите фудбалерчиња на кои уште во ¼ финалниот натпревар им се падна првопласираната екипа од скопскиот регион, екипата на Нова Колонија, која воедно е финалист и најголем фаворит за титулата првак на Македонија. Нашите кои прв пат се дел од финалниот турнир влегоа импресионирани во натпреварот и дозволија скопјани брзо да дојдат во водство, што уште повеќе се одрази на нашата игра. Нова Колонија имаше повеќе од играта што резултираше со по три постигнати погодоци во секое полувреме. „Белите“ успеаја да создадат и неколку изгледни прилики за гол од кои за жал реализиравме само една. На крај, скопјани се радуваа на победата и заслужено ќе играат финале. Се разбира, поразот не влијаеше на расположението на нашите млади фудбалерчина, кои со драгоцено искуство и многу позитивни впечатоци се враќаат од патувањето во „Куќата на фудбалот“ во Скопје. Честитки за сите фудбалери кои беа дел од ова натпреварување и кои ни понудија убави моменти и многу позитивна енергија. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Онур Бешир, Кирил Гашоски, Климент Гашоски, Мартин Мајкиќ, Максим Наумоски, Џан Јахја, Лука Илијоски, Јован Трпеноски и Михаил Николовски. „Белите“ со две генерации вицешампиони во ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион15/5/2016 ФК ОХРИД ТОП ТИМ со две освоени сребра го заврши натпреварувањето во ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион. Нашите фудбалери со три генерации настапија на фајнл фор турнрите што се играа во Охрид. Највозрасните (ген. 2004) беа елиминирани во полуфиналето од екипата на ФК Оск Фер Плеј од Охрид со 1:5. Генерација 2006 играше директно во финалето на завршниот турнир, кое го загуби од истиот противник со 0:3, па на крајот го освои второто место во У-10 категорија. Генерација 2007 најпрво играше четвртфинале против струшки Караорман кое го доби со 3:2, а потоа во полуфиналето го елимира охридски Евро фудбал 2 Вардар со идентичен резултат. Финалето со ФК Оск Фер Плеј нашите фудбалерчиња го загубија со 0:3 и на крај натпреварувањето го завршија на вицешампионското место во У-9 генерација. Честитки на сите наши фудбалери за одличната игра, освоените трофеи и спортското однесување во и надвор од терените. Благодариме што направивте да се чувствуваме горди на вас и што достоинствено ги браневте боите на нашиот клуб. Сите што не беа можност да ги следат натпреварите може да уживаат во галеријата со слики. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|