Прво искуство на младите фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ на финалниот турнир на ФФМ Детската фудбалска лига. „Белите“ (ген. 2007) како вицешампиони во југозападниот регион се пласираа на завршницата од лигата и имаа можност да се надигруваат со шампионите од другите региони во разигрувањето за првак на Македонија. Ждрепката не им беше наклонета на нашите фудбалерчиња на кои уште во ¼ финалниот натпревар им се падна првопласираната екипа од скопскиот регион, екипата на Нова Колонија, која воедно е финалист и најголем фаворит за титулата првак на Македонија. Нашите кои прв пат се дел од финалниот турнир влегоа импресионирани во натпреварот и дозволија скопјани брзо да дојдат во водство, што уште повеќе се одрази на нашата игра. Нова Колонија имаше повеќе од играта што резултираше со по три постигнати погодоци во секое полувреме. „Белите“ успеаја да создадат и неколку изгледни прилики за гол од кои за жал реализиравме само една. На крај, скопјани се радуваа на победата и заслужено ќе играат финале. Се разбира, поразот не влијаеше на расположението на нашите млади фудбалерчина, кои со драгоцено искуство и многу позитивни впечатоци се враќаат од патувањето во „Куќата на фудбалот“ во Скопје. Честитки за сите фудбалери кои беа дел од ова натпреварување и кои ни понудија убави моменти и многу позитивна енергија. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Онур Бешир, Кирил Гашоски, Климент Гашоски, Мартин Мајкиќ, Максим Наумоски, Џан Јахја, Лука Илијоски, Јован Трпеноски и Михаил Николовски. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|