Домаќин на натпреварите од петтото пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига беше струшки АС Јунајтед а мечевите се играа на теренот Караорман во Струга. ФК ОХРИД ТОП ТИМ играше со четири генерации во ова кола. Најмладите, генерација 2007, играа со радолишки Фљамуртари, а генерација 2006 играше со домаќинот АС Јунајтед. Двете екипи минимално ги загубија натпреварите, 0:2 и 2:3, но она што не радува е одличната претстава на нашите која ветува многу пред фајнл фор турнирот на кој овие две генерации сигурно ќе играат. Лош спортски ден имаше А тимот во генерација 2005 кој беше играчки преполовен и за кој играа и неколку играчи од генерација 2007. Тоа го искористи екипата на Караорман која високо ги порази нашите момци, но и покрај тоа, нашите еднаш стрелаа во мрежата на противникот а при тоа создадоа и неколку стопостотни шанси кои не ги реализиравме. Треба да се спомене и дека екипата на Караорман, спротивно на своето реноме, играше надвор од рамките на коректноста, фер плејот и правилата на ФФМ и во игра уфрлаше постари играчи, родени 2004 година, што исто така директно се одрази на резултатот. Сета пофалба ова коло ја заслужуваат момите од генерација 2002 кои одиграа одличен меч со охридски Оск Фер Плеј. „Белите“ покажаа карактер во еден борбен и цврст натпревар и дури и со играч помалку се реваншираа на „Жолтите“ за поразите во езерскиот дел, совладувајќи ги со 4:3. Со овој резултат, нашите остануваат игра за место што води на фајнл фор турнирот. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|