Викендов се играше шестото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Лошите временски услови не ги спречија нашите фудбалерчина да се надигруваат со нивните врсници од другите екипи. Иако резултатски можеше да поминеме и многу подобро, сепак гледавме добри натпревари во кои не бевме доволно ефикасни. Двете екипи од генерација 2005 беа совладани од екипите на Фљамуртари и Кораб со 3:7 и 2:5. Генерација 2006 изигра 1:4 со Караорман, а генерација 2007 0:1 со Евро фудбал 2 Вардар.
Неизвесни пријателски натпревари о радолишки Фљамуртари играа и повозрасните од ген. 2002 и 2004 кои минимални ги загувиме со 1:3 и 1:2. Добар натпревар играа и најмалите (2008) со охридски Вардар, кои играа сигурно и стрелаа три пати за конечни 3:3. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|