Раководството на ФК ОХРИД ТОП ТИМ денес имаше службена посета на ФФМ во „Куќата на фудбалот“, Скопје. Беше остварена средба со претседателот на ФФМ, г-н Илчо Ѓорѓиоски со кого се разговараше за можностите за развојот на детскиот фудбал во Македонија. Потоа беа остварени средби со Грасрут менаџерот и Секретарот на фудбалската репрезентација на Македонија г-н Бојан Маркоски, Претседателот на Комисијата за детски фудбал при ФФМ г-н Иле Стефаноски и Координаторот на скопскиот регион од ФФМ Детската лига г-н Виктор Палоски со кои се разменија искуства од досегашниот тек на Детската фудбалска лига. Престојот во Скопје беше искористен и да се посети тренинг центарот на ФК Работнички од Скопје каде со генералниот секретар на клубот г-н Ненад Монев беа договорени неколку пријателски натпревари во различни возрасни категории помеѓу екипите на ФК Работнички и ФК Охрид Топ Тим. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|