Овој викенд, на теренот на Караорман во Струга, се изигра и седмото, последно коло од есенскиот дел за повеќето генерации од ФФМ Детската фудбалска лига. Највозбудлливиот натпревар ова коло од екипита на ФК Охрид Топ Тим го изигра генерација 2004 која испушти сигурна победа против струшки АС Јунајтед, буквално во последните секунди од натпреварот. Нашата екипа имаше постојано водство во текот на целиот меч кое пред самиот крај. со двата погодоци на Мухамед Јахја Шкор и еден на Марко Крлески изнесуваше 3:1. Сепак, нашата неефикасност и неискористените шанси од петте скратени корнери што ги изведовме, беше казнета од противникот кој успеа да изедначи, па двете екипи на крајот ги поделија бодовите. Генерација 2003 изигра еден од послабите натпревари во есенскиот дел против ФК Еврофудбал Охрид кој противникот заслужено го доби со високи 6:0. Генерација 2005, иако без двајца стандардни играчи, изигра добар натпревар против истиот противник. Примениот гол по една наша грешка не ги обесхрабри нашите момци кои успеаа да направат добра акција по која Валентин Блажески стрелаше за изедначување. Клучен момент на натпреварот беше неправедно досудениот пенал против нашата екипа во второто полувреме кој противниците го искористија за на крај да го добијат натпреварот со резултат 1:3. До крајот на Детската лига остануваат уште три натпревари што во последното коло треба да ги играат момците од генерација 2004. Галерија - 7 коло Детска лига, 08.11.2014, Струга |
НОВОСТИФК ОХРИД
|