Есенскиот дел од ФФМ Детската фудбалска лига заврши овој викенд со одигрување на натпреварите од осмото и деветтото коло. Генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ имаше успешен викенд и оствари два позитивни резултати на крајот од натпреварувањето:
Ако направиме резиме од натпреварите од есенскиот дел, може со големо задоволство да истакнеме дека момците од ФК ОХРИД ТОП ТИМ одлично се преставија во премиерното учество во Детската фудбалска лига што ја организира Фудбалската федерација на Македонија. Иако постоиме помалку од шест месеци, во лигата учествуваме со 5 генерации што не прави еден од клубовите со најмногу пријавени екипи во лигата. Игравме натпревари со многу поискусни екипи од нашиот регион кои понекогаш настапуваа без поголем респект кон нашата екипа, но сепак „машки“ и спортски издржавме и се однесувавме во сите победи и порази, покажувајќи дека можеме да играме фудбал со секого. Она што најмногу не радува е тоа што момците од нашата екипа растат од натпревар во натпревар и во сите генерации во кои се натпреваруваат ги задржаа шансите за учество на регионалниот завршен турнир. Генерација 2002 издвојува две победи и освои шест бода и е на само бод помалку од место што води на завршниот турнир. Во есенскиот дел за оваа генерација играа: Целески Николче, Митрески Стивен, Дуница Емре, Гиноски Климент, Митрески Филип, Китрозоски Христијан, Николоски Томи, Љушкоски Петар, Мустафа Емре, Максуд Тарик, Трпоски Александар и Јахја Мухамед. Генерација 2003 со две победи и еден нерешен резултат заостанува четири бода од место што води на завршен турнир. Во досегашните натпревари во оваа генерација играа: Николоски Томи, Љушкоски Петар, Мустафа Емре, Максуд Тарик, Трпоски Александар, Јахја Мухамед, Крлески Марко, Филиповски Филип и Спироски Иво. Генерација 2004 исто така издвојува две победи и еден нерешен резултат, а за оваа Генерација во есенскиот дел од лигата играа: Спироски Иво, Трпоски Александар, Јахја Мухамед, Крлески Марко, Филиповски Филип, Палитов Стефан, Хусеин Јусуф, Пацески Петар и Садикоски Амар. Генерација 2005 со три победи и еден нерешен резултат заостанува само два бода од место што води на завршниот регионален турнир. Во есенскиот дел во оваа генерација настапија: Палитов Стефан, Хусеин Јусуф, Пацески Петар, Садикоски Амар, Лолески Михаил, Саидоски Мухамед, Блажески Валентин, Крлевски Петар и Шопоски Лео. Најуспешен настап во лигата имаа Генерација 2006 кои со три победи и еден нерешен натпревар се само на два бода од првото место во лигата и имаат речиси сигурен пласман на завршниот турнир. Во оваа генерација играа Лолески Михаил, Саидоски Мухамед, Блажески Валентин, Крлевски Петар, Шопоски Лео, Чекреџи Борис, Размоски Дамјан, Мајкиќ Мартин, Бешир Онур и Јахја Џан. Тука се и нашите најмали фудбалерчиња кои одиграа неколку ревијални натпревари во лигата во Генерација 2007 и помлади и кои најмногу им се радуваа на головите, а тоа се: Размоски Дамјан, Мајкиќ Мартин, Бешир Онур, Јахја Џан, Николоски Матеј, Иваноски Јован, Мајкиќ Андреј и Ристески Јован. Голема благодарност до сите овие момци и нивните родители што се дел од нашиот клуб. Им честитаме на нивната желба за играње фудбал и за нивното максимално залагање од почетокот до крајот на есенскиот дел на лигата, почитта и спортскиот однос што го имаат на секој натпревар кон другарчињата од својата и од другите екипи и се разбира за спортските вештини со кои постојано не' восхитуваат и радуваат. Галерија, 8 и 9 коло 15/16.11.2014, Охрид |
НОВОСТИФК ОХРИД
|