![]() Подоцна од вообичаеното се комплетираа натпреварите од младинската и детската фудбалска лига на ФФМ. „Белите“ имаа еден заостанат меч од детската лига оваа полусезона и тоа од осмото коло со генерација 2006 против ФК Оск фер плеј. Следевме одличен натпревар во кој иако имавме добар дел од играта, сепак резултатски им припадна на „Жолтите“. Нашите не го започнаа најдобро мечот и по една грешка примивме гол по само пет секунди игра. Започнавме поангажирано да напаѓаме кон противничкиот гол и за кратко време изведовме три корни и беше досуден пенал во наша корист. Откако не ја искористивме шансата да ја неутрализираме предноста, примивме уште два брзи погодоци од контра напад. Повторно заигравме поангажирано, создававме шанси и успеавме да го намалиме водството на 2:3, но по истекот на регуларните 25 минути од полувремето примивме два гола, од кој еден од пенал. Високото водство на противникот не ги обесхрабри нашите фудбалери кои продолжија да го напаѓаат провиничкиот гол и успеавме да ја стопиме нивната предност на само еден гол разилка. Тогаш, наместо да изедначиме, судијата досуди непостоечки корнер за противникот по еден нивен шут од центарот на игралиштето од кој успеаа да погодат и да ги постават конечните 4:6. Со истиот противник игравме и во последното коло од есенскиот дел од младинската лига. Повторно гледавме добар натпревар во кој не ги искористивме нашите шанси и му дозволивме на противникот по две наши грешки во одбраната два пати да стрела во нашиот гол. На крај, должиме благодарност до сите фудбалери што оваа полусезона ги бранеа боите на нашиот клуб и направија да се чувствуваме горди со нивното залагање, спортски дух и, џентлменски и другарски однос на теренот и надвор од него. Вистинско уживање е да се работи со овие момци и големо е задоволството да се следат нивните игри. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|