![]() Денес се одигра осмото коло од ФФМ Младинската фудбалска лига за генерација 2002. Иако првиот циклус на натпреварување заврши минатата недела, сепак, членови на младинската комисија не инфромираа дека натпреварувањето ќе се игра трокружно, што беше сосема нова информација за нас. Се разбира, нашиот клуб е навикнат на вакви ненајавени промени во лигата бидејќи и претходно откако беа формирани региони и одредени натпреварувачките двојки за оваа сезона, лица ангажирани во младинскиот фудбал на ФФМ одлучија дека треба да го одложат натпреварувањето и да формираат нови региони и да направат распоред по желба, без јавно ждребање. Па така, ова коло, бевме домаќини на ФК Кораб од Дебар. Натпреварот се играше на теренот со вештачка треа на СРЦ Билјанини извори во Охрид.. Во една максимално коректна атмосфера двете екипи понудија одличен фудбал со многу шанси и постигнати голови. „Белите“ беа подобар противник и играа атраткивен и борбен фудбал, што на крај резултираше со убедлив триумф од 6:2. Првото полувреме го отворивме со напади кон противничкиот гол. Најпрво, Алек Иваноски во една наша акција ја погоди пречката на гостинскиот гол, а подоцна, Енис Дани, на асистенција на Мухамед Јахја, постигна убав погодок за наше водство. Нашиот продолжија со притисок на гостинскиот гол, но наместо да го зголемиме водството, по две противнички контри, дебрани успеаа да го свртат резултатот и да поведат со 1:2. Нивноото водство траше кратко, откако по уште една добра акција, Стефан Крстески израмни на 2:2 и со тој резултат се отиде на полувреме. Вториот дел повторно го започнавме со наша иницијатива и повторно со погодоците на Енис Дани и Мухамед Јахја дојдовме до поубедливо водство од 4:2. Следеше мало опуштање и пад во нашата игра, по кое гостите создадоа две добри шанси, но гоманот Николче Целески беше на висината на задачата и ги неутрализира ударите на нашиот гол. Нашите потоа повторно преззедоа иницијатива и со двата нови погодици на Дани беше постигнат конечниот резултат од 6 : 2. Честитки за нашите момци за одличниот фудбал и залагањето на овој натпревар.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|