Денес во некои генерации се комплетираа есенскиот дел од ФФМ Детската фудбалска лига. Повторно следевме возбудливи натпревари каде нашите понудија добра и атрактивна игра. Новите гарнитури дресови кои за нашиот клуб ги обезбеди барот Куба Либре од Охрид донесоа среќа за фудбалерите од генерација 2005 и 2004 кои одиграа мошне добри и ефикасни мечеви. Генеација 2005 одигра одличен натпревар со ФК Кораб од Дебар. Охриѓани доминираа во текот на целиот натпревар и не му дадоа можност на противникот да создава многу прилики, па на крај остваривме убедлива победа од 9:3. Добар меч одигра и фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од генеација 2004 која испушти водство за победа со ФК Оск фер плеј од Охрид, па на крај мечот заврши без победник 3:3. Натпревари играа и дел од помладите генерации. Мошне ефикасен меч играа генерација 2007 кои иако имаа одлично водство со повеќе голови разлика и дури шест пати стрелаа во мрежата на противникот, сепак на крајот не успеаа да го добијат натпреварот. Генерација 2008 ова коло одигра под своето ниво и загуби од радолишки Фљамуртари. Честитки и благодарност за сите фудбалери кои ги бранеа боите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|