Временските услови овој викенд дозволија да одиграме само еден натпревар од ФФМ Детската фудбалска лига и тоа во генерација 2008. Противник на „Белите“ ова коло беше Париз од Кичево. Натпреварот се играше на теренот со вештачка трева во доста тешки временски услови. Сепак, тоа не ги обесхрабри нашите млади фудбалери да одиграат мошне добар натпревар во кој целосно доминираа над врсниците од Кичево. Охриѓани, по неколку пропуштени одлични прилики први го отворија резултатот. Повторно продолживме со добра игра, но по една наша грешка, гостите од својот единствен шут на мечот успеаа да го погодат нашиот гол. Тоа само дополнителни ги мотивира нашите фудбалери кои направија уште поголем притисок, по што со нов погодок во мрежата на кичевчани го вративме нашето водство. Второто полувреме продложивме со иста иницијатива и напади на противничкиот гол, и веројатно напреварот ќе завршеше со уште поуверлива победа доколку гостинската екипа не направеше неразбирлив потег и се повлече од натпреварот со бесмислени и неосновани обвинувања дека во нашата екипа настапуваат повозрасни играчи, при тоа не прифаќајки ја можноста што им ја даде координаторот на лигата уредно да се проверат играчите од двете екипи во комет системот на ФФМ.
Погледнете дел од натпреварот помеѓу ОХРИД ТОП ТИМ и Париз што директно се пренесуваше на нашата фејсбук страна. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|