Уште два реномирани стопански субјекти дел од тимот на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Овој пат, „Wake & Bake“ и „Labino Sound“ ги помогнаа нашиот клуб обезбедувајќи маички за тренинг кои се поделија на членовите на нашиот клуб.
Пекарата „Wake & Bake“ која се наоѓа на малиот плоштад кај музичкото училиште во Охрид и претходно го помагала нашиот клуб обезбедувајќи бесплатни сендвичи на некои од гостувањата и на дел од генерациите кои се натпреваруваат во лигите на ФФМ. Исто така, тие беа помагатели и на младинскиот фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ што секоја година традиционална го организира нашиот клуб. Овој пат, тие одлучија дополнително да го продлабочат партнерскиот однос што го имаат со нашиот клуб и да подарат брендирани тренинг маички со логото на клубот и на компанијата на нашите фудбалери. „Labino Sound“ е една од најпознатите компании за аудиовизуелна опрема во Македонија, која исто така се покажа како добар пријател на младите и спортот во Охрид. Нивната поддршка за нашиот клуб преку спортска опрема – маички за тренинг, дава дополнителни мотиви за уште подобра и поуспешна работа на сите членови во нашиот клуб. Должиме искрена и голема благодарност до овие две компании во името на сите наши фудбалери и се надеваме дека нивната успешна работа и во иднина ќе ја крунисуваат со нивната грижа за најмладите. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|