Екипите на ФК ОХРИД Топ Тим имаа успешни настапи во натпреварите од четвртото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Генерација 2002 и 2003 гостуваа во Дебар. Единствениот пораз ова кола го имаше Генерација 2002 во натпреварот со екипата на Еврофудбал, додека Генерација 2003 победи со службен резултат бидејќи екипата на ФК Ак. Пандев 10 не допатува во Дебар, по што нашите момци играа ревијален натпревар меѓу себе. Генерација 2005 и 2006 мечевите ги играа во Струга. Генерација 2005 играа цврст натпревар против првата екипа на ФК Ак. Пандев 10 од Охрид и откако не ги искористија укажаните шанси, натпреварот заврши без победник. Мора да се истакнат и одличните одбрани на нашиот голман Петар Пацески кој ги неутрализира сите напади на противничката екипа. Генерација 2006 играше одличен фудбал против екипата на ФК Еврофудбал и со четирите погодоци на Сеидоски Мухамед извојува убедлива победа. Гостувањето во Струга беше искористено за двата комбинирани состави од нашата екипа од генерации 2005/06/07 да одиграат и еден меѓусебен ревијален натпреар . Ова коло беа слободни екипите од генерација 2004 и 2007 Резултати од натпреварите во четвртото коло:
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|