![]() Уште еден спортски викенд во Охрид, каде на стадионот од ФК Еврофудбал се играа натпреварите од третото коло на ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим со три генерации играше против екипата на ФК Караорман од Струга. Нашите момци успеваа да погодат на сите три натпревари. Филип Митрески беше стрелец на погодокот во натпреварот од Генерација 2002 што заслужено го добија гостите со резултат од 1:5. Далеку понеизвесен натпревар играа фудбалерите од Генерација 2003. По водството на гостите од 0:1, стрелец за ФК ОХРИД Топ Тим беше Мухамед Јахја – Шкор кој изедначи на 1:1. Сепак, немавме среќа за комплетен пресврт и на крај „црвените“ победија со 1:3. Она што не успеаа да го направат „повозрасните“, го направи Генерација 2006 која убедливо го порази тимот на ФК Караорман со 0:4. Стрелец на сите погодоци за нашата екипа беше Мухамед Сеидоски, а со своите одбрани на нашиот гол забележителен настап имаше и Онур Бешир. Генерација 2005 го имаше првиот пораз во лигата од струшки „АС Јунајтед“, додека Генерација 2004 загуби од ФК Ак. Пандев 10 Охрид. Со истиот противник во ревијален натпревар повеќе од успешно се надигруваа и нашите најмалечки членови од Генерација 2007/08/09. Галерија - трето коло , ФФМ ДФЛ - ЈЗР, 11/12.10.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|