Градот Сандански во Република Бугарија ќе биде домаќин на младинскиот меѓународен фудбалски турнир „Балканика куп 2016“ што ќе се играа овој месец Во текот на две недели во овој град ќе играат дел од најдобрите екипи на Балканот меѓу кои ЦСКА, Левски, Пирин, Ботев, Малеш, Беласица, Черноморец и други од Бугарија, Охрид, Вардар, Брегалница, Пандев од Македонија, Пансеракос и други од Грција, а истите ќе се натпреваруваат во повеќе возрасни категории од 15 до 9 години. ФК ОХРИД ТОП ТИМ од Охрид со задоволство ја прифати поканата на организаторот да биде дел од овој престижен меѓународен турнир каде ќе се натпреваруваме во категорија У-12 (2004). „Белите“ ќе престојуваат во Сандански, Бугарија од 17 до 21 февруари и ќе бидат сместени во еден од најдобрите хотели во овој туристичко рекреативен центар кој важи за најтоплото место во Бугарија. Организаторот најави одлични услови на натпреварување, а натпреварите ќе се играат на терени со природна и вештачка трева. Покрај Охриѓани, во категорија У-12 ќе се натпреваруваат уште 9 други екипи распоредени во две групи. ГРУПА А
ГРУПА Б
Распоредот на натпревари дополнително ќе биде објавен.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|