Денес, на стадионот на Караорман во Струга, се одигра пријателски натревар во У-9 категорија (2007) помеѓу екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид и ФК Караорман Струга. Младите фудбалерчина на двата тима пружија одличен и атрактивен фудбал со многу голови во кој уживаа сите присутни на стадионот. „Белите“ го отворија натпреварот, на што стружани одговорија со два гола и за кратко го презедоа водството. Веднаш потоа, нашите заигра поангажирано и со три гола во серија, повторно стигнаа до убава предност од 4:2. По направените неколку измени во нашиот состав, „Црвените“ успеаја да го неутрализираат нашето водство, а до крајот и едните и другите постигнаа уште по еден погодок за конечни 5:5. Три гола за охриѓани постигна Максим Наумоски, а на два пати стрелаше Михаил Николовски. Честитки за нашите фудбалерчина за убавата и ефикасна игра. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Онур Бешир, Мартин Мајкиќ, Кирил Гашоски, Климент Гашоски, Лука Илијоски, Максим Наумоски, Јован Трпеноски, Михаил Николоски и Андреј Маркоски. Уживајте во галеријата од денешниот ден: |
НОВОСТИФК ОХРИД
|