Почитувани родители, ФК ОХРИД Топ Тим закажува состанок со родителите на сите членови на фудбалската школа од овој клуб, што ќе се одржи во четврток (14.08.2014) во 19.30 часот (по тренингот) во кафе бар „Офсајд“ во спортската сала „Билјанини извори“. Ќе се дискутира по следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Информација за текот на работењето на школата
2. Презентирање на програмата за работа до крајот на 2014 - Тренинзи - Учество на „Ферплеј куп“ Охрид 2014 - Учество на „ЛГ Куп“ Битола - Учество во детската лига што ја организира ФФМ 3. Спортска опрема 4. Разно Контактирајте не’ на следниот тел: 076/599-995 (Наум Јанкуловски) или на нашата електронска пошта: [email protected] доколку Ви се потребни дополнителни информации во врска со состанокот. Ве молиме за Ваше присуството. Со почит, ФК ОХРИД Топ Тим |
НОВОСТИФК ОХРИД
|