![]() Викендов во Битола се одиграа натпреварите од меѓународниот турнир „ЛГ КУП Битола 2015“ што го организира фудбалската школа ЛГ Битола, а на кој настапија екипи од Македонија, Грција и Србија. ФК ОХРИД ТОП ТИМ настапи на оваа добра фудбалска манифестација со околу 40-тина фудбалерчина во сите возрасни категории (2002, 2004, 2006 и 2007). Одигравме неколку тешки натпревари со многу силни тимови како Вардар, Пелистер, Неготино, Прилеп, Липовица Белград и други. Генерација 2006 успеа да го совлада битолски Пелистер додека ген. 2004 ги совлада нивните врсници од екипата Еден на еден од Битола. Овие резултати беа недоволни за „Белите“ да влезат во елиминациската фаза на турнирот. Беше пријатно да се поминат два дена во Битола со нашите фудбалери, каде стекнавме драгоцено фудбалско искуство борејќи се со најдобрите и се разбира запознавме уште многу нови другари и пријатели со кои сигурно ќе имаме можност повторно да се видиме на некој ваков убав фудбалски настан. Честитки за организаторот на овој добар турнир, екипата на ЛГ Битола, и се надеваме дека ќе се видиме наредната година. Уживајте во галеријата со слики. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|