![]() Денес се одигра и последниот натпревар од есенскиот дел на ФФМ Детската фудбалска лига во оваа натпреварувачка сезона. Екипата од генерација 2005 во деветтото коло играше натпревар со ФК Академија Пандев 10 Охрид. „Белите“ играа одлично прво полувреме во кое дури три пати ја погодија противничката мрежа. Вториот дел започна повторно со офанзивна игра, но по промашените неколку „чисти“ прилики, „Црвените“ го решија натпреварот во своја корист. Останатите генерации своите натпревари ги завршија уште во претходно коло. Доколку направиме кратко резиме на есенскиот дел од ФФМ Детската лига, може да изразиме задоволство од залагањето и резултатите кои ги постигнаа нашите екипи. Генерација 2002 има речиси сигурен пласман на „фајнл фор“ турнирот и очекуваме истиот да го завери уште во првите наптревари во пролетниот дел. Генерација 2006 и 2007, согласно пропозициите на ФФМ веќе имаат обезбедено настап на завршниот турнир и сигурно ќе се надигруваат за шампионското место во лигата. Одлични резултати бележи и генерација 2004 која во силна конкуренција има добри шанси да обезбеди завршен турнир. Подобро од очекуваното изигра ген. 2006 која се натпреварува како Б екипа во генерација 2005 и по четирите остварени победи и големиот број постигнати погодоци има реални шанси да избори едно од првите четири места на табелата кои водат во разигувањето за првак на регионот во генерација 2005. Благодарност до сите наши фудбалерчина што ги бранеа боите на нашиот клуб во есенскиот дел од првенството и за добрите резултати што ги постигнаа. Следната пролет заеднички ќе се стремиме кон уште поголеми првенствени успеси. Само еден тим - ФК ОХРИД ТОП ТИМ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|