Осмото коло од ФФМ Детскага лига повторно донесе многу возбудувања. Најинтересниот натпревар ова коло го одигра генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ која во дербито со ФК Фљамуртари одигра нерешено 4:4. Натпреварот беше полн со пресврти. Најпрво фудбалерите на Радолишта имаа на два пати водство од 0:1 и 1:3. Сепак, охриѓани не се предадоа и успеаја да го свртат резултатот и да поведат со 4:3. Падот на концентрацијата пред крајот на вториот дел и грешката во одбраната ја искористија противниците за да ги постават конечните 4:4. Одличен натпревар одиграа и младите фудбалери од генерација 2006 кои се натпреваруваат во генерација 2005, против охридски Оск Фер Плеј. Иако „Жолтите“ први го отворија резултатот и поведоа со 0:1, сепак квалитетот на „Белите“ дојде до израз и на крај извојуваа сигурна победа од 3:1. Против истиот противник играше и генерација 2002 која иако имаше предност во првиот дел од 1:0, по неколкуте направени грешки во одбраната кои фудбалерите на Оск ги искористија, го загуби натпреварот со 1:4. Еден од подобрите натпревари во овој циклус го одигра и генерација 2005 против Евро фудбал 2 Вардар од Охрид кој на крај го загуби со 0:5, резултат кој не беше вистинска слика на прикажаната добра игра на „Белите“. Погледнете ја галеријата со слики од ова коло. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|