Викендов во Дебар и Охрид се играа натпреварите од шестото коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Момците од ФК ОХРИД ТОП ТИМ одиграа неколку добри и возбудливи натпревари. Генерација 2004 регистрира уште една победа против Лабуништа, а одигра и ревијален натпревар против ФК Октиси на кој постигнаа дури девет гола во натпревар кој заврши со резултат 9:4. Возбудливи натпревари одигра и генерација 2006 која направи пресврт на „езерското“ дерби против струшки Караорман и успеа да се врати по негативата од два гола. Натпреварат заврши нерешно 2:2. Истата генерација одигра одличен натпревар во повозрасна кагегорија (ген. 2005) против ФК Кораб. На резултат 0:0 не искористивме пенал и неколку изгледни шанси, што домаќинот го казни и го доби натпреварот со 0:2. Серијата промашувања ја продолжи и ген. 2002 која иако некомплетна одигра одлично против ФК Фљамуртари, каде не искористи најстрога казна и скратен корнер. На крајот, натпреварот заврши со 1:4. Голот за „Белите“ во оваа генерација го постигна Стефан Палитов, роден 2005 година. Ген. 2005 стрелаше два пати но го загуби натпреварот од врсниците од ФК Фљамуртари со 2:5, а ген. 2007 постигна еден погодок против ФК Академија Пандев 10 Охрид. Против истиот противник два пати стрелаше и генерација 2008. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|