Генерација 2002 (У-14) сребрени на II младински фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 201620/6/2016 Денес на СРЦ Билјанини извори во Охрид се играа финалните натпревари во У-14 категорија. Во малото финале се натпреваруваа екипите на Перак од Прилеп и ЛГ Битола, а мечот им припадна на битолчани кои славеа со 6:0, за на крај заслужено да се радуваат на бронзениот медал.
Финалето го играа екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ГФК Неготино. „Белите“ играа одличен фудал со многу комбинации, дисциплина и залагање, но сепак неготинчани кои се натпреваруваа со неколку повозрасни играчи во соодветната генерација физички доминираа и го добија натпреварот со конечни 1:6. На крај, иако заслужија повеќе, во духот на фер и коректната игра, нашите се радуваа на вицешампионската титула на второто издание на фудбалскиот турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2016. Останува да им честитаме на сите фудбалери во бело сини дресови кои достоинствено ги бранеа боите на нашиот клуб и нашиот град. Како увертира на финалните натпревари, нашите најмлади фудбалери од генерација 2006 и 2008 одиграа ревијални пријателски натпревари против ФШ Боев од Скопје и ФК ЛГ од Битола. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|