![]() Спортската витрина на ОХРИД ТОП ТИМ побогата за уште едно одличје. Овој пат пехарот за третото место и бронзата повеќе од заслужено се најде во рацете на генерација 2004 која одигра неколку добри и ефикасни натпревари со кои стигна до трофејот. Најпрво, во натпреварите во група одигра без голови против ГФК Неготино, по што бевме поразени од битолски ЛГ. Последното коло во исклучително добар и ефикасен натпревар беше совладана ФК Чешка од Прага со високи 7:1. Со тоа, нашите се пласираа во ¼ финалето каде во „езерското дерби“ со струшки Караорман повторна славеа со високи 7:1. Веднаш по овој натпревар нашите го играа полуфиналниот натпревар против ЛГ Битола. Заморот беше евидентен кај нашите играчи кои го загубија натпреварот од битолчани по што следеше натпреварот за третото место. Во малото финале нашите момци повторно вкрстија со ГФК Неготино, но овој пат успеавме со 5 погодоци во противничкиот гол да славиме убедлива победа од 5:1 и повеќе од заслужено да стигнеме до „бронзата“. Добри и исклучително борени натпревари на овој турнир одигра и тен. 2005 која не ги искористи шансите да се пласира во елиминацискиот дел на турнир по поразите од Форца Скопје и Перак Прилеп. Честитки за сите наши фудбалери кои со срце ги бранеа боите на нашиот клуб. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|