Ново спортско дружење во Струга со нашите добри пријатели од Скопје, екипата на ФК Работнички. У-12 екипите (ген. 2004) на двата клуба одиграа мошне возбудлив и ефикасен пријателски натпревар на теренот на Караорман во Струга. Мечот веднаш започна отворено со напади од двете екипи. Во првиот дел подобро се снајдоа охриѓани кои успеаа да постигнат два погодоци и со водство го завршија првото полувреме. Во вториот дел повторно видовме отворена и атрактивна игра од двете екипи со многу комбинации и одлични акции. На двете страни се постигна по еден гол за наше водство од 3:1, по што следеа два брзи гола на скопјани кои го изедначија резултатот. Сепак, „Белите“ заиграа поангажирано пред крајот на полувремето и со два одлични погодоци извојуваа победа од 5:3. Честитки за фудбалерите од двете екипи за убавиот фудбал што го играа, како и за нивниот спортски и другарски однос во и надвор од теренот. Следи галеријата со слики од денешниот натпревар. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|