Неделава охриѓани одиграа серија пријателски натпревари со Работнички Скопје, Караорман Струга и Фљамуртари Радолишта. Серијата натпревари ја отворивме средата и четвртокот во двомечот со скопски Работнички што се играше на СРЦ Билјанини извори. Скопјани се реваншираа за поразот од понеделникот и најпрво убедливо го совладаа „Белите“ со ген. 2002 а го добија и натпреварот во ген. 2004 со 1:4. Саботата неколку генерации од ОХРИД ТОП ТИМ играа уште неколку пријателски натпревари во Струга и во Охрид. Најпрво одлични натпревари играа ген. 2006, 2007 и 2008 со ФК Караорман на гостувањето во Струга. Иако неколмплетни и во отсуство на неколку стандардни играчи, ген. 2006 играше убав натпревар со нивните врсници од Струга. Создадовме многу шанси и имавме водство во текот на целиот натпревар, но неефикасноста на крајот не чинеше минимален пораз од 3:4. Она што не го направија повозрасните, го надополна ген. 2007 која одигра одличен и ефикасен натпревар. Постигнаа 4 погодоци и не им оставија на стружани многу простор за игра, со што го добија натпреварот со конечни 4:1. Ген. 2008 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ одигра исто така мошне добар натпревар против комбинираниот состав на стружани од ген. 2007/2008. Нашите постојано беа во водство кое го испуштија во буквално последната секунда од натпреварот од случаен удар од далечина со што натпреварот заврши без победник 4:4. На СРЦ Билјанини извори во Охрид истиот ден наши гости беа радолишки Фљамуртари со кои одигравме пријателски натпревари со ген. 2004 и 2005. Два добри и ефикасни натпревари против добар противник кои имаа речиси идентичен тек. „Белите“ на двата меча имаа убаво водство од 3:1 кое на крајот го пропуштивме и двата натпревари завршија со конечни 3:3. Честитки за фудбалерите од сите екипи и сите генерации. Во прилог погледнете фотографии од натпреварите. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|