БАЛКАНИКА КУП 2017: „Белите“ финишираа на Балканика со Локомотив Пловдив и Вихрен Сандански12/2/2017
![]() Охриѓани имаа можност да одиграат уште два мошне силни натпревари со атрактивни противници на Балканика куп во Сандански. Вчера нашите се сретнаа со добрата екипа Локомотив Пловдив. Одигравме рамноправен натпревар во кој не ги искористивме нашите шанси за разлика од реномираниот противник кој успешно ги реализираше своите прилики и го доби натпреварот со 0:3. Денес, нашите играа со домаќинот, ФК Вихрен од Сандански. Гледавме уште еден добар меч на „Белите“ кои имаа водство до самиот крај на натпреварот, но видливиот замор од неколкуте тешки натпревари и падот на концентрацијата го искористија противниците кои на крај успеаја да го свртат натпреварот во нивна корист. Веднаш по завршувањето на натпреварите, младите фудбалерчина заслужено уживаа во спа центарот во хотелскиот комплекс каде што беа сместени. Останува задоволството од добриот настап на нашите фудбалери кои играа со далеку пореномирани екипи каде бевме и повеќе од рамноправни противници. Извонредно важно искуство за нашите момци кои чесно и достојно ги бранеа боите на нашиот град. Благодариме што беа дел од нас на овој престижен турнир и се надеваме дека и во иднина ќе имаме уште повеќе прилики за заедничко дружење и нови учества на вакви големи спортски настани. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|