Два исклучително добри и силни натпревари одиграа денес нашите фудбалери. Турнирот го отворивме со натпреварот против белградска Црвена звезда. Охриѓани влегоа во мечот со големи импресии и им дозволија на белграѓани да доминираат во текот на натпреварот. Извонредно квалитетниот и силен противник ги искористи своите шанси и извојува сигурна победа. Значајно искуство за нашите млади фудбалери кои имаа што да научат од денешниот натпревар. Попладнето повторно натпревар против уште еден силен и квалитетен противник - софиски Локомотив. Она што не го одигравме на првиот меч, го надополнивме во вториот. Нашите заиграа многу поангажирано и посигурно. Добрата игра ја крунисавме со водство откако по нафрлувањето на Валентин Блажески, убав гол со глава постигна Ангел Крстески. Пред самиот крај на полувремето нашите дозволија изедначување по еден шут од далечина. Второто полувреме повторно се обидувавме да го напаѓаме противничкиот гол. Се играше отворено и актрактивно на двете страни, но сепак „Белите“ се снајдоа подобро и со голот на Мухамед Сеидоски ги поставивме конечните 2:1 со што значително ги зголемивме шансите за пласман во разигрувањето. Утре, не очекува уште еден силен натпревар против Локомотив Пловдив. Погледнете ја галеријата со слики од денешниот ден. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|