Денес, на СРЦ Билјанини извори, ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше домаќин на ФШ Реканци - Маврово и Ростуше. Кадетите (У-15) на гостинската екипа со 2:5 ја совладаа У-13 (2002) екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ во која настапија и неколку играчи од генерација 2004. Нашите одиграа одличен и борбен фудбал иако играа против повозрасни и физички подоминатни противници. Добрата игра беше крунисана со два погодоци во мрежата на гостите кои ги постигнаа Емре Мустафа и Емре Дуница. Во исто време, на другиот терен, У-11 (2004) од „Белите“ играа натпревар со нивните врсници од ФШ Реканци. Иако во вториот дел недостасуваа неколку стандардни играчи кои во тој момент настапуваа во ген. 2002, сепак нашите немаа поголеми проблеми и лесно и убедливо го добија натпреварот со резултат 10:3. Стрелци за охриѓани беа: Крлески Марко (4), Кречов Никола (2), Мухамед Јахја Шкор (2), Ариф Јусуф (1) и Петар Вршкоски (1). |
НОВОСТИФК ОХРИД
|