ФК ОХРИД ТОП ТИМ со три генерации се натпреварува на првото издание од фудбалскиот турнир Караорман куп 2015 „Струшки бисер“ што се игра на теренот на ФК Караорман во Струга. „Белите“ во сите генерации играа одлично на првиот ден од турнирот и врз основа на остварените резлутати може да очкуваме сите три генерации да ги поминат групите и да се пласираат во елиминационата фаза. Генерација 2002 со сигурна игра го доби струшки АС Јунајтед, Генерација 2004 после минмалниот пораз од струмичка Академија Пандев, убедливо го совлада ГФК Неготино, додека Генерација 2006 го доби ФК Кичево и одигра нерешено во „езерското дерби“ со струшки Караорман. Погледнете ги резултатите и галеријата со слики од денешниот ден.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|